00:54 - 8 ноември, 2026

На Дарко Лазиќ му прети затворска казна: „Има прекршочна историја, недозволиво е да му се изрече парична казна“

Дарко Лазиќ може да заврши во затвор, пренесуваат српските медиуми. Пејачот вчера со својот „БМВ х5“ со германски регистарски таблички удрил во комбе кај Кванташ во Белград, по што бил приведен во полициска станица и му се заканува затворска казна до два месеци.

Фолк пејачот Дарко Лазиќ неколку часа поминал во полициска станица, а денеска треба да му биде изречена казна. Како што пренесуваат регионалните медиуми, пејачот може да добие парична казна од 100.000 до 120.000 динари или затворска казна од 15 до 60 дена, плус забрана за возење од осум месеци, како и 14 казнени поени.

Дамир Окановиќ, директор на Комитетот за безбедност во сообраќајот потсетува дека на Дарко Лазиќ во Србија му е забрането да управува со моторно возило!

-Законот вели дека секој што управува со возило за време на забраната за возење, односно во времето кога му е одземена дозволата, може да добие парична казна од 100.000 до 120.000 динари или затвор од 15 до 60 дена. плус забрана за возење од осум месеци и 14 казнени поени. Судот има можност да изрече парична или затворска казна. Ако некој претходно не бил осуден, а околностите на случајот покажуваат дека целта на казнувањето ќе се исполни со полесна казна, односно парична казна, судот ќе изрече парична казна. Со оглед на тоа дека Лазиќ има прекршочна историја, апсолутно е недозволиво да му се изрече парична казна. Ако на лице од таков профил, односно повеќекратен повратник не му се изрече максималната затворска казна, тогаш кому? Претходно се покажа дека казните не го погодиле, бидејќи правел прекршоци одново и одново, а од друга страна, казна од 120.000 динари за некој што ќе заработи толкава сума пари за половина час е целосно неприфатливо. Санкцијата мора да биде таква да го погоди лицето што го сторило прекршокот, за да не го повтори делото – изјави Дамир Окановиќ за српски Информер.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....