11.8 C
Скопје
20:49 - 17 октомври, 2026

Најава за доделување на наградите на 14. „МакеДокс“

Филмската програма на 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ се приближува кон крајот и на последната фестивалска вечер на 24 август ќе бидат прикажани четири документарни остварувања на локации во Куршумли-ан, Сули-ан и на платото пред Музеј на Македонија.

На програмата во Куршумли-ан, во 21 часот, се краткиот документарец „Еве, и јас танцувам“ (Чешка, Германија / 2023 / 21’) на Мохамад Вализадеган, чија приказна зборува за танцот како начин на себеизразување, но и за забраните за танцување во Исламската Република Иран, додека долгометражниот документарен филм „Вика!“ (Полска, Германија, Финска / 2023 / 72’) на Агњешка Цифка ја раскажува животната приказна на 84-годишната харизматична и колоритна диџејка Вика, која е вистинска ѕвезда на варшавските ноќни клубови.

Во Сули-ан, во 20.30 часот, ќе биде прикажан последниот филм од програмата „Земја во фокус – Данска“. Станува збор за долгометражниот документарен филм „Музика за црни гулаби“ (Данска / 2022 / 92’) на Андреас Кофуд и Јурген Лет, кои ги отвораат прашањата дали е можно емоциите на музиката да се пренесат со зборови.

На платото пред Музеј на Македонија, во 20.30 часот, репризно ќе биде прикажан документарниот филм „Спроти ветрот“ (Индија, Франција / 2023 / 97’) на индиската режисерка Сарвник Каур, каде монтажери на филмот се Атанас Георгиев и Благоја Неделковски, а композитор на музиката е Игор Василев – Новоградска.

Пред почетокот на филмската програма во Куршумли-ан ќе се одржи церемонијата на објава и доделување на наградите на 14. „МакеДокс“. Фестивалот секоја година ги доделува наградите „Кромид“ за најдобар филм од Главната програма, „Млад кромид“ за филм од програмата „Нови автори“, „Сечкан кромид“ за најдобар краток документарец, „Кокарче“ за најдобриот студентски филм и Награда за најдобри етички идеи.

На последната сесија од годинашните „Разговори под смоквата“, кои ќе се одржат од 18 часот во Куршумли-ан, ќе учествуваат членови на комисиите кои одлучуваа за фестивалските награди.

Годинашното издание на „МакеДокс“ со мотото #пресечи (#cutit) се одржува од 17 до 24 август со тематски фокус на монтажата на документарниот филм. На фестивалот се прикажаа 75 филмски остварувања и присуствуваа над 100 гости и филмски автори од странство.

Годинава фестивалот „МакеДокс“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Министерството за култура, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Амбасадата на Кралството Шпанија, Францускиот институт, Грчкиот културен центар, Данскиот филмски центар, МЕДИА деск МК, Документарното здружение на Европа, „Вардар филм“, Младинскиот културен центар, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, Националната галерија на РСМ, такси „Глобал“.

Медиумски покровители на „МакеДокс“ се МТВ – Прв програмски сервис, Слободен печат, Нова Македонија, Еспресо.мк, МКД.мк, УМНО.мк, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк, Кајгана Медиа и Култура Бета.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....