22.8 C
Скопје
11:23 - 11 мај, 2026

Имам смртоносна болест! Српската музичка икона проговори за тешката здравствена состојба

Пејачката Слаѓана Милошевиќ (68) пред неколку месеци итно беше хоспитализирана поради лошата здравствена состојба, за што наголемо пишуваа регионалните медиуми.

Легендарната пејачка ретко дава интервјуа и ретко се појавува во јавноста, а сега по долга пауза зборуваше и за приватниот живот, но и за своето здравје.

Слаѓана на самиот почеток открила како сега се чувствува, откако завршила во болница.

„Од напуштањето на болницата и лекувањето кое со кратки прекини траеше две години, моето здравје е сè уште загрозено, но ако ништо друго, се чувствувам послободно сега кога сум ослободена од лошиот третман. Не припаѓам на луѓе кои бараат повеќе отколку што им припаѓа, но во нашата земја постои видлив проблем на поделба на пожелни и непожелни. Треба да се вложи многу напор во процесот на урбанизирање, кој е сè поприсутен, бидејќи сите сме граѓани на оваа држава. Во текот на болничкото лекување чувствував голема омраза од персоналот поради моето белградско потекло. За жал, не сум единствена која доживеал грубост, неетичност и недостаток на емпатија. Се чини дека етиката и моралот се сосема безначајни во медицинскиот образовен систем“, рекла Слаѓана.

Пејачката ја открила природата на нејзината болест.

„Болеста го носи називот Сјогренов синдром. Нејзината симптоматологија и метод на лекување сè уште се непознати за многу лекари. Често се отфрла како поедноставено имунолошко нарушување, а таа е, всушност, смртоносна. За жал, болеста е многу тешка, со бројни имунолошки промени. Ги напаѓа сите телесни системи. Единствено кинеската традиционална медицина може да помогне, бидејќи од раните денови го третира човекот како единствена целина. Во западната медицина таков пристап има само психосоматиката. Човекот е единство на телото и психата и само така може да се лекува.“

Пејачката вели дека на своја одговорност ја напуштила болницата поради затоа што била незадоволна од третманот што го добила.

„Не можев да се извлечам од стапицата на болеста. Не ми одговараше тоа што по две години немаше никаков напредок во лекувањето и што повторно се враќав во болницата. Исто така, не ми одговараше ниту однесувањето на поголемиот дел од персоналот, нивната незаинтересираност, површноста и упорните конфликти, каде што не се почитуваше моето мислење иако и јас сум психотерапевт практичар и поранешен студент по ветеринарна медицина. Немаше ниту добра волја, не ги знам ниту имињата на лекарите, освен на двајца, бидејќи не се претставија. Моето доаѓање во болница беше проследено со навреди“, раскажала Слаѓана Милошевиќ, пренесува српски „Блиц“.

 

 

 

Слични објави

„Дали ни треба уште еден тест“: Марија и Бојан од „Ај кју“ објавија среќна вест, добија бројни честитки

Еспресо

(Фото) Ужива на Бали — снаата на Теодора Џехверовиќ позираше во минијатурно бикини

Еспресо

Хороскоп за 11 мај: Близнаците ги очекува одлична дружба, Лавовите ќе се покажат во полн сјај

Еспресо

Има само 18 години, а веќе ги полни клубовите: Младата хрватска пејачка изгледа сензационално

Т.Ц.

Внуката на Арсен Дедиќ има 24 години и тргна по стапките на дедо ѝ: Прилично сум енергична личност сум, едноставно немам мир

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ со остра изјава: „Никој не се радува на успехот на Јаков Јозиновиќ“

Еспресо
Се вчитува....