21:02 - 7 ноември, 2026

(ВИДЕО) НАШИНЕЦ ВО ПАРИЗ ИМА НЕШТО ДА ВИ КАЖЕ ОД МОНТЕ КАРЛО: Зборувам вистина, па затоа ме мразат, почнав од нула, види ме сега газам!

Оние кои ги следат модерните текови на музичката сцена се сеќаваат на Македонецот кој живее во Париз, а работи и твори како музички трап артист но и дизајнер на сопствениот моден бренд „Royalty“.

приватна архива

Велешанецот Ванчо Пашалиски или Johny Star ака „StarBoy“ како што му е уметничкото име, кон крајот на минатата година ја презентираше својата работа во Македонија преку проектот: три траки – три видеа, кои сега се најдоа меѓу 8-те теми на неговиот деби албум.

Патем, тој најави и презентирање на неговата модна линија во Македонија, на новиот моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“ од кого едно модно парче во вид на црна маичка е дел од неговиот музичко-моден пакет наречен „Infinity Box“ кој Македонецот од Париз неодамна го промовираше во европската  колевка  на раскошот и луксузот, Монте Карло.

Имено „музичко – модниот пакет“ на Star Boy содржи музичко ДВД, споменатата маичка од неговиот моден бренд, беџ со логото на брендот и пет стикери.

Инаку Ванчо е еден од ретките Македонци кој е успешен и надвор од Македонија на музичко поле и моден план, обидувајќи се да направи пробив во светот на шоу-бизнисот и модата каде конкуренцијата е жестока и пеколно немилосрдна, а во исто време не заборава кој е и од каде потекнува, афирмирајќи ја Македонија и преку сопствениот креативен израз.

„Зборувам вистина, па затоа ме мразат, почнав од нула, види ме сега газам“… е еден од суштинските стихови во една од песните („Mad“) со која тој сериозно ја стресе македонската музичка сцена во жанрот на кој му припаѓа.

„Star Boy“  ја бара и поддршката од сите кои ја сакаат неговата музика и ја следат модата, но и од сите останати Македонци кои купувајќи македонски производ стануваат своевидни мецени на она што еден Македонец креативно го работи по светот.

Во исто време „Star Boy“ го промовираше и својот веб портал (ROYALTY PARIS – LUXURY BRAND) на кој можат да се најдат сите информации за ова момче и неговата работа и творештво, како и да се набават посочените музичко-модни продукти.

Еве ја неговата промотивна видео порака до сите Вас:

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....