11.8 C
Скопје
11:52 - 27 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Најинтензивни врнежи, еве каде!

– Денес времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат особено во западните предели каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог. На планините ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира и снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Според Попоски, потоа, за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец, а особено во западните предели ќе има и врнежи од дожд и истите во недела доцна попладне и навечер ќе се прошират на повеќе места. Температурите и тоа поради јужното воздушено струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

– Поголемо заладување на времето се очекува во почетокот од следната недела, кога освен на повисоките места и на планините, услови за провејување на снег ќе има и на некои места со помала надморска височина, заклучува Поповиќ. 

Слични објави

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.
Се вчитува....