10.8 C
Скопје
01:24 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Спремете се за студ „до коски“, ни доаѓа и снег и дожд, еве кога!

СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМ СТУД! ЌЕ ИМА И ДОЖД И СНЕГ, А СНЕЖНАТА ГРАНИЦА ИМА УСЛОВИ ДА СЕ СПУШТИ И ПОД 1000 МЕТРИ, најавува нашиот метео прогнозер Славчо Попоски. 

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладнево додека попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени, вели Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален слаб дожд претпладнево, додека попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен а повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Според Попоски, од утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне и навечер облачноста ќе се зголемува и ќе започнат нови врнежи од дожд а на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ. Во четврток и во петок ќе се задржи облачно и невообичаено студено со ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира и снежна покривка. Поради ГОЛЕМОТО ЗАЛАДУВАЊЕ, снежната граница има услови понекаде да се спушти дури и под 1000 м.н.в, а ќе дува и умерен ветер од северен и од северозападен правец кој особено долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.

– Температурите ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 10 степени, што значи ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината. Престанок на врнежите ќе има за време на викендот, заклучува метео прогнозерот.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....