17:38 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Кога е крајот на долготрајната суша?

По се изгледа и судејќи според последно направените анализи со помош на најпрецизните нумерички модели, се гледа крајот на долготрајната суша во Македонија.

– До вторник времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со максимални температури кој ќе бидат релативно високи, и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, прогнозира нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Од среда, особено навечер и во текот на ноќта кон четврток нашата територија ќе потпадне под влијание на ИЗРАЗЕН ВЛАЖЕН воздушен бран од запад и истиот ќе услови врнежи од дожд кој ќе се прошират над целата територија на државава.

– На повеќе места врнежите ќе бидат ОБИЛНИ, а НАЈОБИЛНИ врнежи ќе има во западните и во југозападните предели каде локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог, додава Попоски.

Според Попоски, ќе има услови и за ретка појава на грмежи, а особено долж Повардарието промената на времето ќе биде проследена и со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Голем пад на максималните температури ќе има од четврток кога ќе се искачуваат во интервалот само од 11 до 18 степени и истите ќе бидат ПОТПРОСЕЧНИ за овој период од годината.

-И во Скопскиот регион од среда навечер и во текот на ноќта кон четврток ќе има врнежи од дожд. Температурите ќе се искачат до околу 23 степени, додека особено од четврток ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПАД и максималните дневни од четврток ќе се искачуваат само до околу 15 степени, заклучува Попоски.

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....