07:12 - 4 април, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Прекрасни пица панцероти – љубителите на домашно тесто ќе „полудат“

готвиме со теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Љубителите на домашно тесто ќе „полудат“ по овие прекрасни пица панцероти. Толку се меки и вкусни, што ќе ги снема додека да трепнеш, вели Теа.

Потребни состојки (10-12 панцероти):

За тесто:

  • 500 гр брашно
  • 250 мл млако млеко
  • 1/2 свеж квасец
  • 100 мл масло
  • 1 јајце
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 мала лажичка шеќер
  • сусам

За фил:

  • Кашкавал
  • Сланина или шунка
  • Свежи печурки
  • Оригано
  • Кечап

Начин на подготовка:

Во подлабок сад ставете го брашното и измешајте го со солта. Во млакото млеко растворете го квасецот заедно со шеќерот и оставете го десетина минути да стаса. Во брашното направете дупка и во неа ставете ги стасаниот квасец, белката од јајцето и маслото. Формирајте тесто и оставете го да стасува 30-40 минути покриено со крпа. Откако ќе стаса тестото размесете го на мрсна подлога и поделете го 10 до 12 топчиња. Покријте ги топчињата со крпа за да не се суши тестото и оставете ги да одморат 5 минути. Од секое топче расукајте округла коричка. Намачкајте ја кората на едната половина со кечап, наредете малку кашкавал, малку сланина, малки сецкани печурки и оригано. Со другата половина превиткајте ја кората и со помош на вилушка притиснете ја кората по ивицата за убаво да се затвори и при печењето да не излезе филот. Наредете ги панцеротите во тавче за печење обложено со мрсна хартија. Намачкајте ги панцеротите со жолчката и наросете сусам. Печете ги во загреана рерна на 250 степени околу 15 минути.

На здравје и уживајте во овие преубави пица панцероти.
.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....