9.8 C
Скопје
19:09 - 26 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Еве кога ќе ни падне снег, а кога ќе престане да врне!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд и појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски. 

И во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе има и услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Температурата ќе се искачи до околу 16 степени.

Според Попоски краткотраен престанок на врнежите ќе имаме утре, особено попладне и во среда претпладне. Додека нови поинтензивни врнежи ќе има во среда доцна попладне и навечер, како и во четврток кога поради уште ПОГОЛЕМОТО заладување на планините ќе има врнежи од СНЕГ, кад ќе се формира и СНЕЖНА ПОКРИВКА.

Има услови снежната граница, особено во северните и во северозападните предели да се спушти дури и под 1000 м.н.в.

– Има услови на планинските места да се формира снежна покривка дури и над 30 сантиметри. Ќе дува и умерен ветер од северен и од северозападен правец, кој Долж Поврдарието повремено ќе биде и засилен на интензитет. Температурите ќе бидат значително потпросечни за овој дел од годината и од четврток ќе бидат уште пониски и иќе се искачуваат во интервалот само од 5 до 9 степени, додека наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, најавува нашиот метео прогнозер.

НАПОМЕНА: Овој студен бран ќе донесе снежни врнежи и на некои од планинските превои, со што на возачите им препорачуваме крајна претпазливост доколку се движат по истите, особено во текот на ноќта среда кон четврток и во четврток.

Слични објави

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.
Се вчитува....