17.8 C
Скопје
14:49 - 20 април, 2024

НЕ ИМ ВЕРУВАЈТЕ НА АНТИВАКСЕРИТЕ: Психолог објаснува зошто луѓето се подложни на манипулација

антиваксер

Иако вакцините за масовна имунизација веќе неколку месеци се достапни во нашата земја, голем број од населението сè уште не сака да се вакцинацира не сфаќајќи дека тоа е единственото правилно решение во борбата против вирусот, пишува српски „Блиц“.

Отпорот, се разбира, не е ништо ново, тој постоел и со други вакцини и не е распространет само кај нас, туку е присутен и во други земји. Меѓутоа, често со агресивен пристап, без научна основа, ставовите против вакцинацијата најчесто се пренесуваат на социјалните мрежи, кои, за жал, одредена група луѓе ги прифаќаат, а со тоа и не пристапуваат кон вакцинација.

Како изгледа профилот на лице кое им верува на антиваксерите?

Психолозите велат овие луѓе ги красат три доминантни особини и сите три ги прават подложни на манипулација: Тие секогаш размислуваат црно -бело, живеат во паничен страв од какви било последици и секогаш се во состојба на бунт и против она што го имаат и поради она што го немаат.

Често под изговор дека не сакаат задолжителна вакцина, иако не е задолжителна, изнесувајќии ставови што „некаде ги слушнале“, повикувајќи се на приказни од Интернет, или некои „истражувања“ што не се научно потврдени.

Без оглед на целта на луѓето што го прават тоа, би требало да има одговорност, и потребно е да се открие кои се тие и врз основа на што ги даваат своите тврдења, смета епидемиологот и член на Кризниот штаб во Србија, проф. д-р Бранислав Тиодоровиќ. Како што вели, треба да се види кои се тие и да се истакне дека ова е нешто што нема научна основа.

„Треба да се откријат антиваксерите, кои се овие луѓе, какви медицински знаења имаат, да се знае кои се, што се? Од каде го добиле тоа „знаење“ што ги загрозува животите на луѓето. Ако не зборуваме за вакцините, за важноста од вакцинацијата, тогаш како очекуваме да има некаков ефект? Да објаснат, кои се научните претпоставки за кои зборуваат, и да се види и јасно да се каже дека ова не е вистина. Но, за жал, она што е тажно е што меѓу нив има лекари“, изјави професорот Тиодоровиќ.

Зошто луѓето им веруваат?

Малку е веројатно дека им веруваат дека изнесуваат „вистински“ тврдења, бидејќи се работи за пропаганда против вакцините воопшто, или одреден производител на вакцини, секако без научна потврда, користејќи ја неинформираноста на одреден дел од населението.

Психологот Маја Светозаревиќ објаснува дека во тие приказни веруваат несигурните луѓе кои дозволуваат другите да им го наметнат своето мислење. Според психологот, тие не можат сами да оформат мислење.

„Луѓето кои им веруваат на антиваксерите имаат поделено мислење, кај нив сè е црно или бело. Коронавирусот постои – коронавирусот не постои, вакцината е лоша – може да има негативен ефект врз здравјето. Тие се подложни на различни непроверени извори на информации и потпаѓаат под влијание на оние кои ја шират својата антиваксерска кампања. Ваквите различни извори влијаат врз одредени луѓе, а суштината на нивниот начин на размислување и однесување е паничниот страв, стравот дека ќе имаат некакви последици, или едноставно не сакаат да прифатат ништо ново“, објаснува психологот.

Ако вакцината постои како решение зошто стравот сè уште постои, а манипулацијата опстојува

„Она што го немаме, го бараме, кога нештото ни е достапно, протестираме. Се разбира, не сите. Ако немавме вакцини, ќе беше зошто ние немаме кога сите во светот се вакцинирани. Едноставно има луѓе кои функционираат така, но забораваат дека сега не е време за такво нешто. Да се разбереме, секој може да има свој став и да биде одговорен за себе, може да има став „не го сакам тоа“ и да биде одговорен за себе, но нема право да пропагира и да влијае врз другите луѓе. Тоа едноставно не е во ред, и голем број луѓе потпаѓаат под влијание на таквите тези и наместо да го победиме вирусот, истиот сепак опстојува, а болниците се полнат. Исто така, како причина, некои наведуваат дека се заразуваат и вакцинираните, во ред, но на сите им е јасно дека вакцината штити од тешка клиничка слика и спречува понатамошни мутации, така што тоа не е и не може да биде аргумент за луѓето да не се вакцинираат бидејќи може да се заразат. Има многу простор за манипулација, па некои го користат“, вели Светозаревиќ.

Социјалните мрежи се место за манипулација

Социјалните мрежи се одлично средство за ширење информации, а луѓето денес добиваат информации без никаква анализа, дали треба или не треба да се вакцинираат, и секако не читаат издржани студии, смета психологот.

„Не веруваме во маски, не веруваме во мерките за заштита, не веруваме кога ќе нè затвораат, а кога немаме полициски час, повторно се буниме. Коронавирусот влијаеше луѓето да влезат во светот на самоизолација, тука клучниот збор е дека наместо физичка, кај истите се сличи социјална дистанца. Целосно се отуѓија и станаа недоверливи, едноставно не знаат кому да му веруваат, се сомневаат во последиците од примањето вакцини. Во ниту еден момент не се сомневаа во веродостојноста на она што се зборува на социјалните мрежи затоа што им е страв и опцијата дека нешто „не е добро“ е многу поблиска. Советот е истите да разговараат со експерти ако се сомневаат, и да не веруваат во приказни од Интернет и луѓето кои шират непроверени информации“, објаснува психологот.

Како што вели, тие сакаат да имаат поддршка и мислење од групите дека не се сами, бидејќи им треба некој што ќе ги сподели нивните ставови.

„Така им се придружуваат оние кои не се доволно информирани, кои дури и не сакаат да се информираат, туку им веруваат. Трибините, дебатите, разговорите со луѓето сигурно можат да дадат некаков ефект, бидејќи на луѓето треба да им се објасни, да им се дадат одговори на сите прашања. Ако се сетиме што се случуваше пред неколку години со вакцината ММР, тогаш за што зборуваме? И тогаш имаше трибини и разговори, и за среќа, науката победи и нè спречи да се соочиме со болестите што ги искоренивме“, заклучува психологот.

Решението е во разговор

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Мирсад Ѓерлек, објасни дека ќе се организираат отворени разговори на тема вакцинација, како преку медиумите, така и со излегување на терен.

„Вакцинацијата од една страна е најважна, ние веќе воспоставивме многу подобра контрола врз почитувањето на епидемиолошките мерки, а за истите се изречени и многу прекршочни казни. Од друга страна, мора да го зголемиме процентот на вакцинирани. Пред сè, сакаме да бидеме поактивни кога станува збор за кампањите. Сакаме да им се спротиставиме на „гугл докторите“ со избирање на еминентни експерти во областа на имунологијата, епидемиологијата, вирологијата кои повеќе ќе зборуваат на оваа тема и ќе им објаснуваат на луѓето“, вели д-р Ѓерлек.

Понатаму, како што објаснува, многу е важно да се излезе на терен и да се разговара со луѓето. Според него, најдобриот ефект ќе се постигне тогаш кога ќе се зборува директно со луѓето.

„На терен, забележав дека луѓето не знаат доволно за вакцинологијата, историјата на вакцината, за што се користи и колку моќна алатка е во оваа битка. Има наши експерти кои ќе зборуваат за тоа и едноставно, не да ти убедуваат луѓето, туку да им објаснат зошто е добро да се вакцинираат“, вели тој.

Слични објави

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо
Се вчитува....