9.8 C
Скопје
22:06 - 26 април, 2024

ПАТОТ НА ЈУФКИТЕ: Мама Роуз ни ја открива најдобро чуваната тајна за совршената македонска паста – Нивното височество јуфките

Навративме пак, во фарма Зрзе, по нови убавини. Се вративме на јуфки, подготвени баш од неа – кралицата на јуфките – мама Роуз. 

приватна архива
приватна архива

Ружица, или Мама Роуз, е задолжена за подготовка на највкусните домашни јуфки кои се правени со еко јајца од фармата и со многу љубов. А, Ружица е многу страствена за готвење уште од мали нозе, па не нè чуди што целиот дом ѝ е преполн со рецепти. Родена е во село Зрзе, израснала во Сиднеј, Австралија, на 13 години кај неа се појавила силна желба за готвење. Желбата за готвење ја наследила од својот татко Михајло, кој ѝ бил ментор во воведот во кулинарскиот свет. Михајло е инаку, исто така роден во село Зрзе и голем вљубеник во готвењето.

Мама Роуз – нејзиниот кулинарски прекар – обожава да готви од домашна до интернационална кујна. Омилени јадења за готвење ѝ се тестенини, мазник, палачинки, буритос, како и кинеска кујна, арапска, индиска итн.

Инспирација за интернационалната кујна добила од дружење со другарките од повеќе националности со кои другарувала во Австралија. Додека домашната кујна ја совладала учејќи стари рецепти од книги и други домаќинки, како и од експериментирање, што е нејзина најпретпозналива карактеристика.

Толку е вешта, што кралицата на јуфките си има и свој Јутјуб канал, може да го посетите ТУКА.

Подзастанавме во село Зрзе, не само за да си каснеме превкусни јуфки туку и да помуабетиме со Мама Роуз.

Која е најпогодна сезона за правење на јуфки?

– Во денешно модерно време, конзумирањето јуфки е типично за цела година. Со што и правењето јуфки, исто така, не е исклучок. Јуфките се нашата македонска паста, исто како што и шпагетите се за Италјанците. Што значи, дека и Македонците стекнаа навики да ги конзумираат редовно јуфките со најразлични сосови и начини на подготовка, со што јуфките добија друга димензија и место во Македонската и светската кујна.

Кои намирници се потребни за да се направат совршени јуфки?

– Нашите јуфки ги правиме со следните состојки: пченично брашно, пченкарно брашно, јајца од Фарма Зрзе и вода.

приватна архива

Каков е процесот на изработка?

– Најпрво, се ставаат пченичното и пченкарното брашно и се мешаат убаво. Се додаваат јајцата изматени и вода. Се меси убаво тестото и се остава да одмори околу половина час. Потоа на машина за јуфки се поминуваат корите околу 5-6 пати за да се добие саканата дебелина на јуфката.

Колку време треба да се сушат и кој е процесот на сушење?

– Корите од јуфките ги ставаме на сушара каде што се сушат во согласно со временските услови, бидејќи ги сушиме на природен начин. Пример, во летниот период се сушат побрзо за разлика од зимскиот итн.

Која е тајната за да се направат највкусни јуфки?

– Според мене, колку и да ви се квалитетни состојките и начинот на подготовка, сепак, главната тајна состојка за вкусни домашни јуфки е секако љубовта кон готвењето бидејќи таа ги „врзува“ сите состојки и е „шлагот на тортата”. Често експериментирам во кујната и во рецептот за јуфките користам и италјански начин на подготовка бидејќи сфатив дека секогаш е подобро да учиме од најдобрите кога станува збор за тестенини.

Каде може да утнеме и на што треба да внимаваме во изработката?

– Најбитно кога готвите јуфки е да бидете во добро расположение. За среќа, јас сум темпераментна личност која одлично си го негува доброто расположение и е среќна и исполнета во животот. Ќе ви откријам мала тајна. Кога правам јуфки, си одбирам омилена плејлиста и се движам заедно со ритамот на музиката, со што просторот каде што ги правам јуфките е исполнет со позитивна енергија.

Омилен рецепт со јуфки?

– Наједноставен и најбрз рецепт за подготовка на јуфки за 4 особи е следниот:

Се загрева рерната на 150 с. Во тавче се ставаат 500 гр јуфки и се потпекуваат во релна за да добијат златна боја. Додека се печат јуфките, на рингла се става 700- 800 мл вода, 50 мл масло, 1 кафена лажица сол.

Откако ќе заруменат јуфките, се вадат од релна и се полеваат со зовриената вода. Повторно се враќаат во релна и се печат се додека испари водата.

Откако ќе испари водата, се вадат од релната и се сервираат во чинија и се ренда бело сирење.

Наздравје!

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

приватна архива
приватна архива

 

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....