7.8 C
Скопје
19:55 - 30 март, 2026

(ФОТО) ВОЛШЕБНА ПРЕТПРАЗНИЧНА АТМОСФЕРА ВО СВЕТСКИТЕ МЕТРОПОЛИ: Магијата веќе започна во Виена, Лондон, Њујорк…

Некои градови носат посебна магија за време на празничната сезона. Меѓу први кои се накитени, традиционално, се Виена, Лондон и Њујорк.

Ви носиме дел од моменталната атмосфера.

Виена

Ако сакате да ја истражите волшебната страна на Виена, тогаш посетете го градот во зима. Особено е магична атмосферата на Божиќните пазари.

Главните новогодишни светилки низ градот се палат на 12 ноември, а се гаснат на почетокот на јануари 2022. Низ главни централни улички елегантно светкаат неколку милиони ЛЕД светла, а резултатот е прилично убав.

Три области што треба да се прошетаат се пешачкиот центар, булеварот Ринг и Ратауспарк.

фото фејсбук
фото фејсбук
фото фејсбук

Лондон

Многу божиќни светилки се запалија низ Лондон, вклучувајќи ги и оние на елката Ковент Гарден. Божиќното село Ковент Гарден е веќе тука! Има две страни на селото, првата е Ramsbury Forest Domes, каде се наоѓаат празничните игло-а, како извлечени од зимска бајка,  каде што ве чека магично празнично јадење. Од другата страна е празничниот пазар за храна и 2 бара. Сите се  споени во средината со прекрасен празничен свод што изгледа посебно во вечерните часови.

фото инстаграм
фото фејсбук
фото фејсбук
фото фејсбук
фото фејсбук
фото фејсбук
фото фејсбук
фото фејсбук
фото фејсбук

Њујорк

Празничната сезона во Њујорк е веќе во полн ек! Еден од клучните делови на празниците во Њујорк се прекрасните празнични излози. Иконскиот предводник – стоковната куќа „Мејсис“ е веќе украсен, а глетката е неверојатна.

Што се однесува до годинешнава тема на украсување, Мејсис одлучи да ја раскаже симпатичната приказна за „Типти, ирвас со светли очи на прагот да го оствари својот најголем сон, да се приклучи на тимот кои ги влечат санките на Дедо Мраз и да испорача магија низ светот на Бадник“.

„Мејси Хералд Сквер е дом на празнична магија и нашите иконски прозорци на Бродвеј повеќе од 100 години прикажуваат анимирани чуда што инспирираат и воодушевуваат“, рече Мануел Уркизо, национален директор за визуелна кампања. „Со Типти создадовме интересна приказна која ја истакнува важната на моќта на верувањето и радоста и чудото на сезоната“.

Излозите го следат патувањето на Типти, од мечтаењето за тоа дека сака да биде дел од екипажот на Дедо Мраз, до одењето во „школа за летови“, па нејзините пријатели на крајот ја охрабруваат да ги брка своите соништа (буквално!). Многу неопходен потсетник за ВЕРУВАЊЕ.

Уживајте во видеото.

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....