6.8 C
Скопје
12:35 - 22 декември, 2024

(ФОТО+ВИДЕО) SKOPJE SOUDS GOOD: Враќање на музиката, фестивалите и катарзата, јееее!

Повторно под силните светла и звуците на живата музика…

Нè потсети на време пред пандемија, а воедно и дека стискањето во гужви не е толку симпатично, но барем си поштеден од многу концертски мириси со маската на уста.

Вчеравечер во МКЦ се одржа фестивалот „Skopje Sounds Good“, организиран од „Авалон“ продукција кој беше одложен поради трагедијата што се случи во Тетово на 8 септември. На фестивалот настапуваа три од најпопуларните бендови на Балканот, „Buč Kesidi“, „Funk Shui“ и „Nipplepeople“, а истиот беше и распродаден потврдувајќи ја популарноста на избраните артисти.

Чекаме – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк

Во однос на ковид мерки, при влез гостинот беше опоменат за носење маска, воедно и дезинфициран, со измерена телесна температура, истиот требаше да покаже сертификат за вакцинација.

мкц
Ред за картички за пиење – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк

Настапот го отвори хрватското електропоп дуо „Nipplepeople“, кои фамозно се кријат зад маски на сите настапи. Двајцата беа пречекани од публиката со голем ентузијазам, додека промовираа нова музика со издвојување на песната „Јелена“ и ги израдуваа обожавателите со хитовите „Frka“ и „Sutra“, со која воедно и го завршија настапот, со шега на пејачката „Vidimo se sutra“.

Nipplepeople – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк
Nipplepeople – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк
Nipplepeople – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк
Nipplepeople – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк

Втори настапуваа нашите „Funk Shui“, на чии песни домашната публика најгласно пееше. Во одреден момент вокалистот на бендот, Лука побара песна да биде обележана со гасење на светло и кревање на запалките во вис, на што публиката се разбира се согласи. Настапот го завршија со песната „Стаклени нозе“, која во целост ја испеа публиката, покажувајќи ја лојалноста кон бендот. Тие беа повикани на бис и со „Крик“ ја напуштија сцената, со што вокалистот „dropped the mic“ односно го фрли микрофонот на земја во знак на триумф.

Funk Shui – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк
Funk Shui – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк
Funk Shui – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк
Funk Shui – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк
Funk Shui – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк

Фестивалот заврши со српската музичка група „Buč Kesidi“ кои направија журка за паметење, целата публика играше и скокаше. На почетокот од настапот тапанарот Зоран ѝ кажа на публиката дека им недостигала и сподели за Скопје дека е „еден од најубавите градови, чија знаменитост се убавите луѓе“. Бендот се повлече со песната „Đuskanje ne pomaže“ околу 1:40 наутро, по исвирен и бис на агресивното и катарзично барање на публиката.

Buč Kesidi – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк
Buč Kesidi – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк
Buč Kesidi – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк
Buč Kesidi – фото: Сара Крстеска за еспресо.мк

Помеѓу настапите целата сала се преместуваше до надворешниот простор на МКЦ, на цигара, по пијачка и најглавно по воздух. Присуството на ваков настан по толку долго време само не потсети дека музиката е главен заеднички именител на луѓето кој може да предизвика барем некаков привид на нормалност макар тоа да е една ноќ.

 

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....