8.8 C
Скопје
18:06 - 31 март, 2026

(ФОТО) НЕПОВТОРЛИВО ГАСТРО ИСКУСТВО: Залчиња и голтки есен од фарма право на трпеза, со неверојатен поглед на градот!

Сакаме вакво гатсрономско искуство и во нашиот град, па еве една инспирација за рестораните во Македонија кои патем, мора да ги пофалиме, дека во последнава деценија држат чекор со светските трендови, од уредување до понудите на трпеза. 

Италијанскиот ресторанот „Сера бај Бирериа“ е најсигурен знак за њујоркчани, но и за туристите, во кое годишно време се наоѓаат. Сместен е на 14-ти кат од висококатница на Мехнетен, Њујорк, на прославената 5.та Авенија и има стаклена градина која овозможува неверојатен поглед на градот.

фото фејсбук

Со секоја сезона, односно со секое годишно време, амбиентот се менува во духот на сезоната, а така се менува и менито.

Намирниците се од фарма, свежи и органски. Па така, есенва, гастрономските ескпери создадоа целосно ново мени што им дава важност на најдобрите есенски вкусови. Од крцави  јаболка до слатки круши, смокви, тиква и, се разбира, малку цимет и ѓумбир – јадењата, но и коктелите и воното кое се послужува, ги носат најсочните вкусови на ова годишно време.

Ваквото искуство поставено во соодветно дизјаниран амбиент ве носат, среде Њујорк, во есенско италијанско село.

Дали знаевте дека лешниците се берат наесен? А, Италија е втор по големина производител на лешник во светот, па оттука, лешниците се заштитен знак – состојка која најчесто се употребува во италијанската кујна во текот на есента. Затоа, не е чудно што во десертите на „Сера бај Бирериа“ доминира лешникот и органскиот намаз од какао и лешник направен со одржливо одгледување, но и домашниот путер и природнот екстракт од ванила.

На пролет пак, ресторанот е покриен со цвеќиња, зиме со снег, во лето – со сите убавини на оваа сезона, а стеклиниот покрив тогаш е отворен…

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

фото фејсбук
фото фејсбук
фото фејсбук
фото фејсбук
фото фејсбук
фото фејсбук
фото фејсбук

 

 

Слични објави

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.
Се вчитува....