5.8 C
Скопје
02:30 - 27 април, 2024

За помалку од 100 часа, бројот на заразени од Ковид-19 во светот се зголеми за еден милион

За првпат, бројот на заразени со новиот коронавирус во светот се зголеми за еден милион за помалку од 100 часа, јавија западни медиуми врз основа на официјални податоци.

Вкупниот број потврдени заразени во светот надмина 14 милиони (14.194.140).

Првиот случај беше пријавен во Кина на почетокот на јануари и беа потребни три месеци да се премине прагот од еден милион.

Зголемувањето на бројот на заразени од 13 на 14 милиони траеше само четири дена.

Светската здравствена организација синоќа објави рекордно зголемување на новите инфекции со коронавирус за еден ден од над 237 илјади. За 24-часовен период, 237.743 случаи биле потврдени на глобално ниво.

Претходниот рекорд – 230.370 нови инфекции датира од 12 јули.

Најголемо зголемување во изминатите 24 часа е регистрирано во САД, Бразил и Република Јужна Африка

The post За помалку од 100 часа, бројот на заразени од Ковид-19 во светот се зголеми за еден милион appeared first on Слободен печат.


За помалку од 100 часа, бројот на заразени од Ковид-19 во светот се зголеми за еден милион was first posted on јули 18, 2020 at 8:33 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....