7.8 C
Скопје
05:37 - 6 мај, 2024

Во итни случаи ковид-19 се открива за само 45 минути

Со цел побрз и соодветен одговор кон пандемијата со ковид-19, се зајакнуваат можностите за лабораториската дијагностика и во таа насока се воведуваат брзи тестови чиишто резултати ќе се добиваат само за 45 минути.

Проф. Д-р Голубинка Бошевска вели дека Институтот за јавно здравје каде овие тестови се прават, од самиот почеток ги следи препораките на СЗО и други здравствени авторитети (ЕЦДЦ и ЦДЦ) во примената на најсовремените и препорачани тестови за брза детекција на САРС-КоВ-2.  Таа објаснува дека тестовите со кои се работи во оваа лабораторија се од листата на препорачани тестови на СЗО за детекција на САРС-КоВ-2. Тоа се молекуларни тестови (РТ-ПВР)  кои се базираат на детекција на присуство на рибонуклеинска киселина од вирусот. РТ-ПВР методите се високо сензитивни и високо специфични и детектираат дури и една молекула од специфичниот вирусен сегмент кон кој се насочени.

Со досегашните методи и реагенси може да се направат тестови на голем број лица, во лабораторијата на ИЈЗ се изработувале и по повеќе од 500 тестови на ден за детекција на ковид-19, но процесот е поделен во повеќе сегменти. Секој сегмент од тој процес е поврзан со одреден временски период на извршување. Колку е поголем бројот на примероци кои се тестираат, толку временскиот период за одреден сегмент од процесот на работа се продолжува, потребни се повеќе различни реагенси, повеќе помошни средства, соодветна опрема (апаратура) и  исклучително добро едуциран персонал. За добивање на резултат со овој метод во идеални услови се потребни 3 до 4 часа од моментот на пристигнување на примерокот во лабораторијата.

– Соочувајќи се со потребата во одредени ситуација од исклучително брза лабораториска дијагностика за потребите на хоспитализираните пациенти, и следејќи го развојот на технологијата и тестовите за детекција на вирусот е набавена целосно автоматизирана опрема за молекуларна детекција на САРС-КоВ-2. Се работи за апарат и тестови со кои се добива брз резултат т.е. од моментот на почеток на реакцијата во апаратот до момент на завршување на работата на апаратот  потребни се 45 минути за позитивен резултат и 30 минути за негативен резултат. Ограничувањето на овој апарат е дека со истиот може да се тестираат само 4 примероци во период од 1 час, односно ограничен е бројот на примероци кои може да се тестираат во одреден временски период. Во идеални случаи за 24 часа околу 100 тестови – објансува Бошевска.

Апаратот и тестот се добри и практични за поединечни и итни ситуации, не и за спроведување на тестирање на голема група на примероци.

Независно од целосната автоматизација на неколку сегменти од процесот на детекција, овој апарат и овие тестови не може да се користат во било која лабораторија, со било кое ниво на безбедност на лабораторијата.

– Независно со каква опрема и реагенси се располага, во секоја лабораторија клучен фактор во целиот процес е соодветно едуциран персонал. Кога станува збор за микробиолошки и вирусни причинители на заболувања, потребен е персонал со едукација, не само од областа на молекуларната и имунолошка дијагностика, туку пред се  од микробиологијата – потенцира Бошевска.

 

The post Во итни случаи ковид-19 се открива за само 45 минути appeared first on Слободен печат.


Во итни случаи ковид-19 се открива за само 45 минути was first posted on јуни 8, 2020 at 1:47 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....