24.8 C
Скопје
14:01 - 29 април, 2024

Студентите ќе имаат можност за он-лајн полагање на испитите, останува да се види ефикасноста на оценувањето

Од денеска на некои факултети во земјава започнува јунската испитна ситуација, а поради коронакризата ниту финалното оценување на студентите нема да биде како порано.

Како резултат на пандемијата со Ковид-19 се очекуваше оваа учебна година високото образование да заврши он-лајн, односно да се изврши електронско оценување на студентите со проверка на знаењето преку интернет, но сепак од МОН изготвија протокол за физичко присуство на студентите при полагање на испитите, со тоа што секој Универзитет посебно одлучува дали ќе се полага он-лајн или во амфитеатрите.

Иако веќе имаше реакции од студенти од некои фаултети дека процесот на полагање мора задолжтелно да се одвива со физичко присуство, сепак постојат и такви каде прва опција е јунската испитна сесија да се одвива он-лајн.

Така, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип одлучи оваа испитна сесија да се реализира он-лајн, со тоа што, доколку е потребно ќе биде достапна и можноста за полагање со физичко присуство.

„Испитите ќе се полагаат електронски, a согласно со усвоените безбедносни протоколи реализација на испитите со физичко присуство е предвидена само кога не постои можност да се организира електронско полагање на испитите или на барање на студентите“, стои во соопштението на УГД.

Студентите сега се во исчекување на ефикасноста во он-лајн оценувањето, но сепак се задоволни поради можноста сесијата да помине преку интернет.

– Добро е што постои можност за он-лајн полагање во оваа сесија, иако допрва ќе видиме како тоа ќе функционира. Навистина е тешко да се организира полагање во амфитеатри во овие услови, па верувам дека повеќето студенти како и јас самиот ќе бидат задоволни од оваа опција – вели Васил Димитриевски, студент на факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД.

На најголемиот универзитет во државата, „Св. Кирил и Методиј“ , секој факултет сам одлучува кој начин на полагање е најсоодветен, а во разговор за „Слободен печат“ професорката на правниот факултет „Јустинијан први“, Иванка Василевска вели дека наставничкиот совет донел одлука сите испити од прва декада во овој факултет да се реализираат он-лајн.

Ние, како наставнички совет, донесовме одлука сите испити во прва декада да ги ставиме он лајн, иако постои и одлуката секој професор да има можност да одбере како ќе го спроведе својот испит/испити. На моите предмети, во сите три декади од јунска сесија, студентите ќе полагаат он лајн – вели Василевска, која е дел од катедрата по историја на правото во „Јустинијан први“.

Во однос на тоа на кој начин ќе се спроведува он-лајн испитувањето, Додевска вели дека тоа  претежно ќе се одвива усно, со помош на некоја од популарните он-лајн платотформи.

Најголемиот дел од испитите ќе се спроведат преку Microsoft teams, апликацијата. Понатаму Zoom, Skype, некаде каде има и проектни задачи, по е мејл. Ќе оценуваме електронски, без да има потреба студентите да дојдат со книжен индекс. По пандемијата, ќе ги завршиме тие административни обврски. Сега имаме обврска, тие кои успешно ќе положат, да ги заведеме оценките во I know системот – додава Василевска.

Покрај на „Јустинијан први“  и на Економскиот и Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје поголемиот дел од испитите  ќе се одвиваат он-лајн, меѓутоа, сепак ќе има и такви предмети за кои ќе биде неопходно физичко присуство при полагањата.

Физичкото присуство е неприфатливо, ова е нерационална одлука која треба да се укине. Мислете и на студентите од другите градови, низ што се ќе треба тие да поминат за да бидат присутни на полагање и притоа да имаат концентрација за испит вели студентка на Економскиот факултет во Скопје.

Во однос на другите два државни универзитети во земјава, за „Св. Климент Охридски“ во Битола поприфатливо  е полагањето со физичко присуство со посебни мерки на претпазливост, додека на Тетовскиот државен универзитет испитите во јуни и јули ќе се спроведат преку интернет (усно или писмено) по сите предмети, освен за предмети со практична содржина.

The post Студентите ќе имаат можност за он-лајн полагање на испитите, останува да се види ефикасноста на оценувањето appeared first on Слободен печат.


Студентите ќе имаат можност за он-лајн полагање на испитите, останува да се види ефикасноста на оценувањето was first posted on јуни 8, 2020 at 1:33 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....