14.8 C
Скопје
19:39 - 28 март, 2024

Зошто Ентони Хопкинс, Том Џонс и Лоренс Фишбурн не разговараат со нивните деца?

Ентони Хопкинс ја шокираше јавноста кога објави дека 20 години не разговара со својата ќерка Абигејл и дека не знае дали има внуче, но и дека не му е гајле за тоа.

Профимедиа

Хопкинс има само едно дете, ќерката Абигејл, која ја добил во бракот со британската глумица Петронела Баркер, а првите проблеми во тој брак настапиле веќе во првите месеци на заеднички живот. Во третата година од бракот Петронела забременила и Хопкинс таа вест не ја дочекал со воодушевување, а раѓањето на Абигејл не го спасило бракот. Во тоа време Хопкинс веќе бил славен и постојано бил отсутен од дома и почнал да ужива во големите количини алкохол, па дневно знаел да испие и цело шише текила. Кога Абигејл имала 14 месеци Хопкинс го напуштил семејството за да живее со друга жена.

Абигејл со години не разговара со татко и бидејќи не може да му прости што ги напуштил неа и нејзината мајка, а поради тој лош однос во текот на студиите доживеала и нервен слом.

Profimedia

Хопкинс вели дека не му е грижа за семејниот раскол и признава дека е „доста индиферентен“ кога станува збор за неговата ќерка. На една фотографија снимена пред 27 години, на црвениот тепих, на која се прегрнати, не се гледа дека има несогласувања помеѓу нив, но вистината е дека таткото и ќерката од почетокот имаат минимална и лоша поврзаност.

Во 1993 година година накусо воспоставиле нормален однос, но потоа следеле и две децении на изостанок на комуникција и отуѓеност.

„Луѓето ги прекинуваат односите и врските. Семејствата се разделуваат и… знаете… понатаму, продолжувате со сопствениот живот“

Ентони Хопкинс не е единствената јавна личноаст од светот на шоубизнисот кој има семејни проблеми. Од своите деца се одрекле и Том Џонс и Лоренс Фишбурн.

Том Џонс синот Џонатан Беркери го добил во кратката романса со манекенката Кетрин Беркери, а иако со ДНК-анализа е потврдено дека тој му е биолошки татко на детето, пејачот никогаш не сакал да го запознае својот син. Наместо во богатство, синот на Том Џонс живее како бездомник.

Профимедиа

„Не ги сакам неговите пари, само сакам да се запознаеме“, изјавило несреќното момче.

Кога Том Џонс се запознал со Кетрин тој имал 47 години, а таа 24 и по една страсна ноќ музичарот на мајката на неговото дете едноставно никогаш веќе не и се јавил.

И познатиот Морфеус од „Матрикс“, глумецот Лоренс Фишбурн се откажал од својата ќерка затоа што во 2010 година го снимила видеото за возрасни „Чипи Ди“. Монтана Фишбурн по углед на Ким Карашијан снимила интимно видео очекувајќи дека преку ноќ ќе стане славна. Меѓутоа не се прославила и не заработила од снимката поради малата гледаност.

Profimedia

Слични објави

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо

(Фото) Весна Змијанац бакна непознат маж: Помлад од неа и покриен со тетоважи

Еспресо

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо
Се вчитува....