10.8 C
Скопје
23:57 - 19 април, 2024

Гости ќе се најдат, ама каде да се сместат?!

Туристичката сезона, поместена поради состојбата со ковид-19, сепак доби каков таков неофицијален старт изминатиов викенд. Да беше како во претходните години, дел од македонските граѓани досега ќе прошетаа на некоја од плажите кај јужниот сосед. Но, пандемијата, карантините и затворените граници, не го дозволуваат тој луксуз, па евидентниот егзодус на скопјани и на дел од граѓаните од другите градови, кои беа ставени во повеќечасовен карантин, покажа дека годинава на цена ќе бидат викенд становите во некој од домашните туристички центри.

На прво место е Охрид, каде што има околу десетина илјади викенд станови и куќи, но не помалку полн викендов беше и Дојран, каде што се релаксираа околу 12.000 граѓани. Помасовна посетеност забележаа и Маврово, Крушево, Берово и Пелистер.

Неколку денови пред продолжениот викенд се појавија и огласи, со кои се нудеше сместување во некој од гореспоменатите центри. Впрочем, таквите работи не се новост, но само за потсетување, сѐ уште не работат официјалните и категоризираните сместувачки капацитети, па оттука и дилемата каде се сместија викенд туристите?

Под лупа и сместувањето и угостувањето

Пазарните инспектори во овој продолжен викенд ги контролираа состојбите на терен во сместувачките капацитети и во кафулињата.

Официјално, Пазарниот инспекторат поднел 22 кривични пријави за непочитување на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти низ целата држава. Осум кривични пријави се поднесени во Охрид, четири во Струга, пет во Битола, три во Дојран и по една кривична пријава на Пониква и во Маврово.

– Станува збор за кривични пријави поднесени поради прекршувања на забраната за сместување лица во категоризирани објекти, а само една пријава е за пречекорување на работно време и две кривични за прекршување на Протоколот 8 (повеќе гости на терасите, непочитување растојание или гостите се во внатрешниот дел од објектите – изјави во Охрид Мери Проја Продановска од Државниот пазарен инспекторат.

Во Охрид само 4 случаи на недозволено сместување

Изненадувачки или не, кога станува збор за недозволено сместување гости во Охрид, викендов инспекторите затекнале само четири такви случаи. Се контролирале исклучиво категоризираните објекти односно пријавените станоиздавачи.

– Собите и сместувачките објекти ги контролираме во пријавени објекти што имаат решенија за работа. Контролите најчесто ги вршиме во попладневните часови (по 16 часот), кога на сила е полицискиот час односно кога сите треба да се таму каде што ќе ноќеваат – појасни Продановска.

Таа нагласи дека споредено со првите денови на олабавувањето на мерките, економските оператори генерално ги почитувале мерките, забраните и препораките за работа, односно се придржуваат на определените протоколи за работа.

– Најважно е да бидеме свесни за ситуацијата, да држиме дистанца, да носиме маски и на тој начин со заеднички сили да го победиме невидливиот непријател – порача Продановска.

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат велат дека остануваат на терен каде што постојно ќе спроведуваат контроли на угостителските и на сместувачките објекти на територијата на целата држава.

The post Гости ќе се најдат, ама каде да се сместат?! appeared first on Слободен печат.


Гости ќе се најдат, ама каде да се сместат?! was first posted on јуни 8, 2020 at 12:48 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....