14.8 C
Скопје
11:23 - 24 април, 2024

ДУИ никако да излезе од националистичката предизборна реторика

Колку повеќе се ситни времето до изборите, ДУИ се пожестоко се обидува да остане високо во политичката игра, коментираат познавачите на политичката ситуација во земјава. Најновата понуда за прв Албанец премиер упатена од Ахмети до партиите на Албанците, но и до албанските гласачи, Беса и Алтернатива ја нарекоа популистичка, која треба да ја спаси ДУИ од сигурен пораз. Касами и Села го прашаа првиот интегративец зошто до сега не побарале премиер да биде Албанец.

ДУИ и денеска продолжи да ја турка идејата за премиер Албанец. Високиот партиски функционер Бујар Османи рече дека проектот за Албанец премиер не е ад хок идеја на ДУИ туку важно парче од мозаикот на стратегијата на ДУИ за постигнување на целосна еднаквост која треба да се заврши со рушење на последното табу, последното место на отпор за другите заедници да бидат позиционирани.

– Во оваа држава сите сме еднакви, секој има право да биде избран и да избира. И од тука идејата е да се избере првиот премиер Албанец, премиер на еднаквоста којшто ќе ги сруши сите стереотипи и табуа дека во оваа држава се уште постојат места каде Албанците не можат да пристапат – рече Османи.

ДУИ објави и видеото само на албански јазик во кое повикува на обединување. Во игра ја враќа и варијантата со ОНА.

„Дојдено е времето пријатели, да се обединиме, затоа што кога сме обединети се е можно, како што бевме обедините во ОНА за време на војната или при изборот на првиот Албанец претседател на Собранието, зачленувањето во НАТО и отпочнувањето на преговори за членство во Европската Унија. Време е за Албанец премиер”.

Политичкиот аналитичар и професор Мерсел Биљали во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ денеска предлогот на ДУИ го нарече тема која не треба да се третира до крај бидејќи е несериозно и ниско и може да предизвика само контраефект поради потценувањето на интелигенцијата на луѓето.

-. Луѓето се свесни дека ова е лага и дека нема ништо од тоа. Многу луѓе го гледаат и како потценување на интелегенцијата. Сите знаат дека премиерот го прави мнозинството. И за да имате стабилна влада тоа го прави најголемата партија. Можен е и поинаков договор, но тоа е прашање на договор, а не на однапред подготвена платформа. Сметам дека ова е подготвување на терен за ДУИ да се оправда дека дефинитивно ќе биде опозиција – рече Биљали.

Според него, на овие парламентарни избори во албанскиот политички блок се можни изненадувања. Биљали смета дека партиите треба да излезат со конкретни понуди, а не со идеи за ситни политички поени.

Комуникологот Бојан Кордалов неодамна посочи дека не само кај нас, туку и во регионот уште долго време партиите предизборно ќе ловат гласови со национализам.

– Во поголем број земји од нашето опкружување, национализмот како тема уште долго нема да биде заобиколена. Прашањата поврзана со голиот национализам полека ќе одат во историјата и ќе останат да бидат поединечни или повеќе изолирани теми. Не можеме да сметаме дека целосно ќе се исфрлат и дека нема да функцонираат. Тоа за жал нема да се случи – рече Кордалов.

Кордалов смета дека во албанскиот политички блок подоминантна ќе биде темата како да се сруши ДУИ од власт.

Инаку, пред пандемијата со коронавирусот, по одлуката да се распушти Собранието и да има избори на 12 април ДУИ ја убедуваше јавноста дека на овие избори приоритет ќе и бидат младите и работните места, а не националстичките теми. ДУИ тогаш посочи дека нејзината политичка платформа е определена и дека таа се базира на пет столба и тоа консензуалната интеграција, неселективната правда, развој и работни места, младите на прво место и квалитетниот живот.

The post ДУИ никако да излезе од националистичката предизборна реторика appeared first on Слободен печат.


ДУИ никако да излезе од националистичката предизборна реторика was first posted on јуни 8, 2020 at 2:11 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....