11.8 C
Скопје
09:55 - 20 април, 2024

Владата во 2016 година дала амин директорите на Пошта да си земаат бонуси по 5.700 евра?!

Фрапантен е одговорот од Пошта во однос на забелешките на Државната ревизија според кои, иако Пошта имала загуби од 10 милиони евра, за 7 директори е склучено менаџерско осигурување од 45.000 евра.  Пошта им одговара на ревизорите:

„Во однос на содржината на менаџерските договори склучени помеѓу Надзорниот одбор и менаџерите – членовите на Управниот одбор на АД Пошта на Северна Македонија – Скопје сакаме да потенцираме дека: Надзорниот одбор истите ги има склучено со секој менаџер посебно откако Владата во својство на Собрание на друштвото го има одобрено текстот на менаџерските договори на Петнаесеттата затворена седница на 21.06. 2016 година“.

Во одговорот е и објаснето дека Владата во својство на Собрание ги разгледува тримесечните извештаи за финансиското работење на АД Пошта и врз основа на член 13 точка 2 од Статутот ја одобрува Годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај  за работењето.

„При одобрувањето на текстот на менаџерските договори Владата била запознаена и ги имала во предвид сите околности за финансиската состојба на АД Пошта на Северна Македонија – Скопје, врз основа на тоа, а согласна и со обврските на менаџерите, се одобрени менаџерските договори и правата на менаџерите“, пишува во дописот што Пошта го испратила до Државниот завод за ревизија.

Од овој допис може да се заклучи  дека од 2016 година сите менаџери во Пошта си лапаат вакви менаџерски осигурувања врз основа на текст одобрен од Влада.

Ако внимателно се читаат ревизорските извештаи за државните и јавни институции, нема извештај од кој на читателот нема да му се крене коса. Но, она што е најтрагично, е што и покрај драматичните неправилности и огромни суми на одлеани пари,  по неколку дена бурата се стишува, а никој за тоа не одговара.

Но, ако се премолчи ревизорскиот извештај за Пошта, за многу работи ќе се премолчи и ќе оправдва еден легитимен башибозук за извлекување на огромни пари.

Овој извештај, не само што го открива фрапантното наградување на државните директори, дури и кога фирмата тоне во загуби, туку и открива како еден систем на вакво наградување легитимно функционира. Фектите се овие: Акционерското друштво Пошта заклучно со 31.12. 2018 година има акумулирана загуба од 10 милиони евра, од која речиси 3 милиони евра е загуба направена во 2018 година.  Во истата таа 2018 година е склучен договор со осигурителна компанија со кој Пошта за 7 свои директори плаќа менаџерско осигурување од околу 45.000 евра, што доколку некој од директорите не умре, или не остане траен инвалид, му овозможува да земе годишен бонус од 5.700 евра врз основа на осигурителната полиса.

Но она што е најгорчливо е што постои начин како тоа може елегантно да се изведе во било која државна фирма. Формулата е следнава: Постои менаџерско осигурување!  Одлична измислица на осигурителните компании за доброто на менаџерите и вешто применета во државните институции. Но кој дозволува делење на менаџерски осигурувања во државни компании и тоа за директори избрани од Владата? Пазете – законот! Како што напишале ревизорите во извештајот: Можноста за склучување на договори за менаџерско осигурување произлегува од одредбите од членот 365 став 2 од Законот за трговски друштва според кој: „Извршните членови на одборот на директори, членовите на управниот одбор, односно управителот, имаат право на плата, односно месечен надомест,прабо на осигурување на живот и други видови на осигурување, на надоместок на патни и на други трошоци и други права“.

Е сега доаѓаме до прашањето: Кој ги одобрува менаџерските осигурувања врз основа на законов? Одговорот го дале ревизорите – Надзорниот одбор. Врв на лудилото! Надзорниот одбор го сочинуваат токму овие 7 директори. Значи тие сами за себе си одобриле полиси за 45.000 евра, износ кој патем е еднаков на 190 минимални плати, што илустративно е вкупниот фонд на нето плати во една средно голема текстилна компанија, или колку целата државна помош за справување со ковид 19 во една фирма со 190 работници.

Пошта пак, го поправила одговорот на Владати и вели: Договорите ги одобрила Владата, таа дала амин на текстот за менаџерските договори во Пошта. Но, лудилото тука не застанува. Овие директори се поплатени од одличните доктори кои сега се величаат до небо. За загубите што со години ги акомулираат, според изтражувањето на Призма, овие директори, настрана од бонусите, си земаат плати по 900 евра!

The post Владата во 2016 година дала амин директорите на Пошта да си земаат бонуси по 5.700 евра?! appeared first on Слободен печат.


Владата во 2016 година дала амин директорите на Пошта да си земаат бонуси по 5.700 евра?! was first posted on мај 29, 2020 at 1:38 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....