19.8 C
Скопје
23:18 - 18 мај, 2024

Вакцина против коронавирусот е тестирана на човек: Елиса доброволно се пријавила, ова се нејзините резултати

Елиса Гранато, која вчера примила вакцина против коронавирусот во рамки на клиничките испитувања на Оксфорд, не е мртва, како што се наведува на социјалните мрежи.

Би-Би-Си утринава преку Скајп разговарале со Елиса, по професија микробиолог, за која на социјалните мрежи кружат гласини дека е мртва.

Елиса за Би-Би-Си потврдила дека се чувствува добро, дека утринава дала примерок крв за испитување, како и дека денеска планира да одмори и да ужива во убавото време надвор. Научничката рекла дека се допишувала со членови на својата фамилија, за да ги извести дека гласините не се точни.

Професорот Ендрју Полард кој го предводи тимот за клиничко испитување на вакцини на Оксфорд изјавил дека вакви лажни вести можат негативно да влијаат на нивната способност да се борат против епидемијата и дека тоа нема да го дозволат.

Докторката Гранато била првата личност во Европа која примила вакцина против коронавирусот во рамки на клинички испитувања.

Сите објави кои на повеќе јазици пренесувале вест за наводната смрт на Елиса се отстранети од социјалните мрежи.

The post Вакцина против коронавирусот е тестирана на човек: Елиса доброволно се пријавила, ова се нејзините резултати appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....