10.8 C
Скопје
04:28 - 4 мај, 2024

Меган Маркл била предупредена: Тајната ќерка на принцезата Дијана и го открила мрачното минато на принцот Чарлс

лејди ди, дијана, дајана, принцеза

Односите на актерката Меган Маркл со кралското семејство уште од самиот почеток не беа на највисоко ниво, што на крај и се покажа на дело кога таа и нејзиниот сопруг принцот Хари се откажаа од кралските титули и се преселија во Лос Анџелес.

Без разлика на тоа што многу се пишуваше дека за овој потег се одлучиле поради желбата за финансиска независност, магазинот „Глоб“, објави навистина бомбастичнa насловна страница и откри дека одлуката за расчленувањето на кралското семејство е донесена непосредно пред раѓањето на Арчи.

Според овие пишувања, причината за сето ова лежи во тајната ќерка на принцот Чарлс и принцезата Дијана, Сара Спенсер.

профимедиа

Според овие шпекулации Сара е резултат на експериментот спроведен по налог на принцот Чарлс пред неговата венчавка за Дијана.

„Тој сакаше да види дали неговата идна сопруга е плодна и дали може да му даде синови кои еден ден ќе ја носат британската круна“, објаснува анонимен извор.

„Сите ембриони требаше да бидат уништени по налог на Чарлс, но еден член на медицинскиот персонал ја украл оплодената јајце клетка и потоа тајно ја имплементирал во својата неплодна сопруга“, додава истоимениот извор.

Откако нејзините сурогат родители ги загубија животите во сообраќајна несреќа во 2018 година, Сара пронашла таен дневник што го чувала нејзината мајка откривајќи ја вистинската приказна за нејзиното потекло.

„Таа ги сфати ужасите што ги направил Чарлс, поради сакаше да ја предупреди својата снаа Меган Маркл во што се впушта со овој монструм“, вели извор близок на тајната ќерка на 71-годишниот принц од Велс.

Таблоидот пишува и дека Сара истата година преживеала обид за атентат, поради што е многу претпазлива во однос на изложеноста на медиумите, со оглед на тоа дека секоја грешка би можела да биде фатална за неа.

Сепак, и покрај опасноста, тајната ќерка успеала да стапи во контакт со Меган Маркл за време на нејзината посета на Нов Зеланд, каде и го објаснила своето мрачно минато.

The post Меган Маркл била предупредена: Тајната ќерка на принцезата Дијана и го открила мрачното минато на принцот Чарлс appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....