10.8 C
Скопје
03:17 - 18 мај, 2024

Студентите ги бранат купените магистерски, никој од надлежните не ги брани прописите

Купувачите на магистерски, кои на приватни лица и на консултантски фирми им плаќаат пари за да им биде изработена магистерска теза, формално, на хартија, не смеат да го бранат трудот, камоли да добијат степен на образование „магистер“. Ова произлегува од изјавата што секој кандидат ја потпишува при поднесувањето на магистерскиот труд, а во која тврди дека истражувањето претставува сопствено, оригинално истражување, кое ќе биде изработено самостојно и нема да претставува плагијат.

Согласно со Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, тешка дисциплинска повреда претставува плагијаторството – пренесувањето туѓ текст или туѓ магистерски труд во свое сопствено име.

„За утврдената дисциплинска повреда плагијаторство на кандидатот му се изрекува забрана за изработка и одбрана на магистерскиот труд што е плагијат“, пишува во упатството за магистрирање на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Минатата недела „Слободен печат“ си нарача магистерска од меѓународно право од еден од многуте изработувачи на вакви трудови, кои на интернет огласниците и на социјалните мрежи ја нудат оваа услуга на заинтересираните студенти. Понудената цена од едниот од пишувачите кој се претстави како човек со високо образование и со магистратура беше 450 евра. По краткотрајно „ценкање“, успеавме да искамчиме пониска цена од 400 евра. За овие пари човекот се понуди да напише магистерска теза според нашето барање на темата меѓународно право, и тоа од 120 страници и со вклучена презентација. Следниот ден поминавме „поевтино“ – цената од следниот изработувач на магистерски што ни беше понудена за 120 страници беше само 15.000 денари (250 евра).
Бизнисот „цвета“. Соговорниците ни тврдеа дека нема потреба да стравуваме дека ќе бидеме фатени за плагијат, зашто досега немале проблеми со другите „клиенти“ чии трудови поминувале кај менторите и ниту еднаш немало никаков проблем.

„Слободен печат“ се јави во Државниот просветен инспекторат од каде што добивме одговор дека оваа институција не е надлежна да постапува по ова прашање.

– Тоа е чист криминал. Државниот просветен инспекторат не е надлежен зашто ние вршиме инспекциски надзор само во рамките на изборот на професори и студентски запишувања. За сè друго постои универзитетска автономија, така што универзитетите сами си се одговорни. Немаме ниту едно вакво барање до нас, никаква претставка – рече директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спировски.

Секоја следна година во Македонија има сè поголем број магистри. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2010 година имало само 479 лица со ова звање, а десет години подоцна бројот на магистри се искачил на 1.885. Магистерската титула отвора подобри можности за вработување во државните и локалните институции, но и во приватниот сектор. За лицата со ваков степен на образование следуваат и повисоки плати.

The post Студентите ги бранат купените магистерски, никој од надлежните не ги брани прописите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....