17.8 C
Скопје
21:56 - 1 мај, 2024

Спасовски во „Утрински брифинг“: Ќе разговараме со прo-европските партии кои ги поддржуваат принципите за напредок на државата (ВИДЕО)

Разговор во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ со премиерот на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски.

МИЦКОВСКИ НАЈАВУВА МОЖНИ ИЗБОРИ НАЕСЕН

-Изборите поминаа. Победникот е јасен, тоа е СДСМ. Ние сме насочени кон формирање на нова влада. Мора имаме функционални институции кои што ќе можат да носат одлуки. Тоа што Мицкоски го збори е дел од неговото секојдневие – да менува ставови. Ние започнуваме со преговори после празникот 2 август. Секако дека разговраме со политичките партии, но официјалните разговори започнуваат после Илинден. Ќе разговараме со пор-европските партии кои ги поддржуваат принципите за напредок на Република Северна Македонија.

ОБВИНУВАЊАТА ЗА КУПУВАЊЕ НА ПРАТЕНИЦИ ВО ОБИД ДА СЕ СОЗДАДЕ ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО

Уште една небулоза на Мицкоски во спектарот на небулози кои се пласираат деновиве. Во изминатиот период покажавме сериозен пристап кон сите сериозни важни прашања и таков пристап ќе имаме и сега. Низ дијалог и врз база на принципите за кои се залагаме и говорев претходно ќе биде основа на која што ќе побараме поддршка во македонското Собрание. И на база на тие принципи ќе ја формираме владата и тоа мислам дека ќе биде многу брзо по конститутивната седница на Собранието.

СЛУЧАЈОТ ВО БОГОВИЊЕ И ОБИДОТ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ГРАДЕЊЕ НА ВОДОВОДОТ

Сите граѓани без разлика каде живеат треба да имаат основни услови за живот. Надлежност во тој дел има локалната самоуправа. Манипулација со граѓаните кога се работи за градба на ваков објект не смее да има. Мислам дека се работи за смислена политичка манипулација и неснаоѓање на градоначалникот. Многу пати сум кажал дека политички проифит врз маката на граѓаните никогаш не може да остварите. И вчера апелирав граѓаните на општина Боговиње, локалната самоуправа само преку дијалог да изнајдат решение. Денеска во владата ќе разговараат министерот за животна средина, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот за внатрешни работи и градоначланикот на Боговиње. Ќе седнат ќе разговараат. Преку дијалог ќе изнајдеме решение. Ние како влада сме подготвени да помогнеме, но не на штета на едни или други, туку да помогнеме и да најдеме начин и овие жители да добијат чиста вода за пиење, вели Спасовски.

СПИСОКОТ НА УЈП НА КОМПАНИИ КОИ ЗЕМАЛЕ ДРЖАВНА ПОМОШ А НЕ ИСПЛАТИЛЕ ПЛАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

Ние како влада во услови на пандемија направивме сериозни напори да помогнеме на економијата од два аспекти – прво да се сочува економијата, да се сочуваат работните места и второ таа економија да биде подготвена за да може успешно да се врати во економската активности токму заради тоа се носени тие одлуки – доделивме парични средства кои што ќе значат исплата на минимална плата и да се сочуваат работните места Резултатите се добри, сочувани се работните места. Претпоставките за тоа колку места се загрозени во државава, се покажа дека овие мерки дадоа резултати. Но во една ваква ситуација никој не смее на ниту еден начин да не биде солидарен. Солидарноста е и во тоа колку работодавачите ќе се грижат за вработените во овој момент и колку ќе бидат солидарни со државата. Државата прави надчовечки напори да помогне. Сакам да кажам дека прелиминарниот текст го имаме, секако дека можно е да има некакви забелешки кои ќе бидат корегирани. И тука морам да кажам дека мора да има одговорност за овие компании. Даден е налог од моја страна да се подготват сите акти кои се потребни и на основа на тоа да се покренат кривични постапки.

ВО СДСМ ПОВТОРНО АКТИВИРАЊЕ НА МЕТЛАТА?

-После одржување на секои избори ние сме должни да направиме и конгрес на кои ќе гласаме за одговорност и доверба на раководството. Дали е потребно да се анализираат состојбите и утврдат слабостите – Да. Секако дека ќе седнеме ќе разговараме, анализираме и се со цел да се зајакне партијата.

The post Спасовски во „Утрински брифинг“: Ќе разговараме со прo-европските партии кои ги поддржуваат принципите за напредок на државата (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Спасовски во „Утрински брифинг“: Ќе разговараме со прo-европските партии кои ги поддржуваат принципите за напредок на државата (ВИДЕО) was first posted on јули 31, 2020 at 10:50 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....