10.8 C
Скопје
23:49 - 5 мај, 2024

Слободен печат на Инфективна клиника: Коронавирусот постои и никој не е имун на него (ФОТО+ВИДЕО)

Мала вознемиреност и напнатост, но голема раздвиженост по ходниците и собите, медицински персонал со заштита опрема растрчан низ ходниците, се дава терапија, се прават испитувања, се носат мобилни апарати. Ваква е атмосферата на Клиниката за инфективни болести во која повеќе од два месеци лекарите, медицинските сестри и другиот персонал неуморно се борат за животот и здравјето на пациентите кои се инфицирани со вирусот ковид-19.

Собите се полни со пациенти, некои веќе во подобра состојба, среќни дека ја добиле битката со болеста. Други пак во лоша состојба, се борат за секој следен здив. Има и такви кои, иако се чувствуваат подобро и се во очекување на пуштање дома, сепак се со тажни изрази на лицата бидејќи некој близок од нивното семејство не успеал да се излекува. Најтажна глетка е секако на интензивната нега каде животот на пациентите се одржува со апаратите кои дишат наместо белите дробови на пациентите, во очекување со терапијата која им се дава здравствената состојба да се  подобри.

Она што паѓа во очи кога се движите низ собите е дека клиниката дефинитивно се модернизирала, па може да се видат нови кревети, монитори, нови респиратори, подвижни рентген апарати и други најсовремени апарати за следење на состојбата на пациентите.

Денеска на Клиниката имаше 40 пациенти, меѓу нив ќе видите и некој познат лик, политичар или од другиот јавен живот, никој не е имун на ковид-19. Бројките велат дека во овој период низ оваа клиника поминале 317 пациенти, од кои 210 си заминале во добра здравствена состојба, излекувани од ковид-19. Тоа не се само бројки туку реални луѓе кои без разлика дали верувале или не во тоа дека вирусот постои сепак завршиле на Клиниката за инфективни болести.

Фотографии: Драган Митрески

The post Слободен печат на Инфективна клиника: Коронавирусот постои и никој не е имун на него (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Слободен печат на Инфективна клиника: Коронавирусот постои и никој не е имун на него (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on јуни 3, 2020 at 5:19 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....