9.8 C
Скопје
05:50 - 18 мај, 2024

Комисијата за заразни болести влезе во вртлогот на партиското препукување меѓу власта и опозицијата

По повикот од ВМРО-ДПМНЕ, членовите на Комисијата да си поднесат оставка, бидејќи била под контрола на Заев и Филипче, денеска од СДСМ ја обвинија партијата на Мицкоски дека шири неосновани обвинувања. Од СДСМ велат дека сите одлуки на Комисијата се темелат на претходна анализа на актуелната состојба и дека се епидемиолошки издржани во интерес на заштитата на колективното здравје и ставање на Ковид 19 под контрола. Сите сме засегнати и како поединци и како држава и сите треба да придонесеме за решавање на проблемот, велат во СДСМ.

– Политизирање на состојбата, ставање на кризата со вирусот во каков било друг контекст, освен здравјето на граѓаните, нема да помогне, а нападот врз Комисијата за заразни болести и нивно етикетирање дополнително им го отежнува работењето. Тоа е неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и треба итно да престане. Комисијата за заразни болести е составена од стручни и квалификувани професионалци во областа, со огромна доверба од граѓаните и секој неоснован и политички напад кон неа ја попречува нејзината работа – рече денеска Јагода Шехпаска од СДСМ.

Шехпаска посочува дека членовите на Комисијата за заразни болести, пред сè се стручни медицински работници кои секојдневно го даваат својот максимум и покрај редовната прекумерна работа што ја имаат како лекари, епидемиолози, инфектолози во борбата со Ковид-19. Според неа има суштинска разлика помеѓу првиот бран и овој, бидејќи тогаш не се знаело што може да се очекува од заразата.

– Здравствениот систем сега е подготвен и организиран да се носи со новите заболени од коронавирусот здравствените власти точно знаат што се случува и имаат капацитет да се справат и со овој пик – рече Шехпаска.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, сметаат дека надлежните институции целосно потфрлиле и дека Комисијата за заразни болести работи под диригентската палка на Заев, а не на професијата. Од партијата на Мицкоски велат дека нема време и простор за политика и дека е потребна акција за заштита на здравјето на граѓаните.

– Бројката на новозаразени јасно кажува дека е неопходно итно консолидирање на системот. Филипче и Заев се погрижија да постават послушници во Комисијата за заразни болести, лица кои се подготвени да ја стават професијата на страна и да се стават во служба на политиката. Потребно е веднаш да се искористи потенцијалот на професионалците и да се формира ново тело од експерти на кои приоритет им е здравјето на граѓаните. Потребно е да се консолидира системот – вели членот на Комисијта за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Лазов.

За ваквото барање на ВМРО-ДПМНЕ епидемиологот др. Никола Пановски, вели дека е неразумно. За формирање на нова Комисија треба време, бидејќи во неа треба да членуваат експерти од своите области во кои Министерот за здравство ќе има доверба.

– Секоја политичка партија, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, треба да помогне да се надмине здравствената криза предизвикана од коронавирусот. Прво да ги кажат решенијата за надминување на состојбата, а не да кокетира со гласачите. Еве на пример нека дадат решение какви мерки да се преземат за верскиот празник Задушница – вели Пановски.

Тој посочува дека Комисијата е советодавно тело на Министерот Филипче и дека е очигледно дека се согласува со спроведувањето на мерките, бидејќи во спротивно до сега ќе си поднела оставка, ако не колективна, ќе имало поединечни.

Комисијата за заразни болести како стручно советодавно тело е составена од истакнати стручњаци од областа на епидемиологијата, инфектологијата, микробиологијата, педијатријата, ветерината и други специјалности.

The post Комисијата за заразни болести влезе во вртлогот на партиското препукување меѓу власта и опозицијата appeared first on Слободен печат.


Комисијата за заразни болести влезе во вртлогот на партиското препукување меѓу власта и опозицијата was first posted on јуни 3, 2020 at 5:05 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....