17:31 - 4 мај, 2024

„Слободен печат“ деновиве е под сериозни хакерски напади кои доаѓаат од земјава и од странство

„Слободен печат“ деновиве е под сериозни хакерски напади кои се обидуваат да го срушат и да го намалат сообраќајот на нашата веб платформа.

Серверот на „Слободен печат“ е во Република Франција од каде што добивме и писмени докази за ваквите „дидос“ напади кои изминативе денови се се поинтензивни.

„Дидос“ нападите не се непозната практика во светот, па и кај нас, но она што е особено интересно е што за првпат во Македонија се случува нападите, покрај од други ај пи адреси, да се вршат и од ај пи адреси регистрирани токму во нашата земја. Според информациите кои ги добивме од нашиот сервер, нападите кон „Слободен печат“, организирано и во исто време, доаѓаат и од ај пи адреси на две владини институции, една ај пи адреса на државна високообразовна институција, како и од две ај пи адреси на големи приватни компании кои имаат свои медиумски екстензии.

Како медиум кој веќе шест години е етаблиран и докажан на медиумскиот пазар, не би сакале да се сомневаме дека хакерските напади се координирани од еден центар и наменски.

„Слободен печат“ нема да остане глув на ваквите напади и веќе реагираше до сите надлежни институции, вклучително и до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, со цел да ги заштитиме своите морални и материјални интереси.

Се надеваме дека институциите наскоро ќе одговорат на нашите барања.

The post „Слободен печат“ деновиве е под сериозни хакерски напади кои доаѓаат од земјава и од странство appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....