5.8 C
Скопје
02:53 - 27 април, 2024

Руски агенти понудиле 10 000 војници помош на каталонските сепаратисти 2017, вели истрагата

Шпанија која деновиве се справува со протести против воведување вонредна состојба, ја тресе и нова афера поврзана со каталонското движење за независност во 2017 тата под водство на поранешниот каталонски регионален претседател Карлес Пуџдемонт.

Имено истрагата која се води сега покажува дека Руски агенти, или Руска група како ја нарекуваат некои медиуми, им понудила воена помош од 10 000 војници на каталонските сепаратисти во екот на нивниот неуспешен обид да се отцепат од Шпанија во 2017 година. 

Ова се вонредни обвинувања во срцето на истрагата започната од судија во Барселона, кој ги испитува наводните врски помеѓу каталонското движење за независност и руската кампања за дезинформации наменета за дестабилизација на Европа.

Полицијата во средата уапсила 21 осомничен во Барселона по наредба на судијата Хоакин Агире, вклучувајќи тројца мажи кои биле блиски до поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемонт, кој избега од Шпанија непосредно по неуспешното прогласување независност пред три години.

Во една снимка претставена во судските документи, еден од приведените од полицијата наводно ја споменува понудата на руски агенти да му обезбедат на Пуџдемонт 10.000 војници за помош во можниот вооружен судир со шпанските сили. Понудата никогаш не се реализира.

Неколку часа откако шпанската полиција уапси 21 влијателен каталонски бизнисмен под сомнение за злоупотреба на јавни средства и перење пари, судијата Хоакин Агире изјави дека руска група создадена уште за време на Михаил Горбачов му понудила воена „поддршка“ на поранешниот каталонски регионален претседател Карлес Пуџдемонт, вклучително и пари за исплата на долговите на Каталонија, доколку прогласи независност. Повеќе детали за руската група не беа дадени.

Иако Пуџдемонт прогласи независност на Каталонија во октомври 2017 година, судијата  верува оти руската понуда е одбиена. Обидот за независност, кој според шпанскиот устав се смета за незаконски, доведе до суспензија на автономијата на Каталонија, пресуди за 12 каталонски лидери и Пучдемонт кој избега во Белгија.

„Руското мешање како геополитичка стратегија беше факт за време на есента 2017 година кога (Русите) ширеа лажни вести и дезинформации“, вели судијата Агире во пресудата, повикувајќи се на написи на Интернет, кои ги поддржуваа каталонските сепаратисти ширени од руските новински платформи.

Шпанската влада ја обвини Русија во 2017 година за мешање во каталонскиот конфликт. Руските власти негираа секаква вмешаност во настаните во тоа време.

Истрагата има за цел и наводна злоупотреба на јавни средства за сепаратистичкото движење во Шпанија. Истрагите откриле дека парите наменети за провинциската влада на Барселона и регионалниот субјект за промовирање на спортски екипи биле нелегално пренасочени, се вели во соопштението на шпанската влада по апсењата.

Уапсените се соочуваат со обвиненија за проневера и перење пари.

The post Руски агенти понудиле 10 000 војници помош на каталонските сепаратисти 2017, вели истрагата appeared first on Слободен печат.


Руски агенти понудиле 10 000 војници помош на каталонските сепаратисти 2017, вели истрагата was first posted on октомври 30, 2020 at 11:10 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....