04:21 - 7 ноември, 2026

По 16 години ги закопаа секирите: Емина Јаховиќ и Ана Николиќ се смирија!

Ана Николиќ и Емина Јаховиќ ги закопаа воените секири и сега повторно комуницираат. Причината за нивното смирување се парите и работата.

А бидејќи и двете се големи професионалки, одлучија недоразбирањата да ги остават во минатото и да почнат да соработуваат.

Фото: Инстаграм

– Додека избираше песни за новиот албум, кој го објави пред неколку месеци, Ана Николиќ дојде на идеја текстот за една од песните да ѝ го напише Емина Јаховиќ. Инаку, композиторот што ѝ го работеше албумот на Ана е близок пријател со Емина и тој дополнително ја охрабри да

– ѝ се јави“, објаснува изворот за „Скандал“, и додава:Разбирливо, Емина го прифати предлогот на Ана. Воопшто не се навратија на расправијата од пред 16 години, иако тогаш жестоко се скараа и едно време не можеа ни да се гледаат една со друга. Но очигледно во меѓувреме созреаја и сфатија кои им се приоритетите во животот, па сето тоа е сега зад нив. И на двете им се смешна таа расправија, а од друга страна, задоволни се од соработката која и на двете им носи заработувачка“, завршува изворот.

Instagram

Потсетуваме, пејачките се судрија во 2004 година на фестивалот „Сунчане скале“. Ана настапи пред Емина во бел фустан на „Кавали“, а општ хаос настана кога Емина сфати дека ќе се посрамоти ако се појави по неа во истата креација, па побрза во Будва по нова тоалета. Поради тоа многу ѝ се налути на Николиќ и со неа не зборуваше до овој предлог за соработка.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....