19.8 C
Скопје
19:30 - 2 мај, 2024

„Ремдесивир“, достапен и за Македонците на црниот пазар во Косово за 500 евра!

Додека Европа се соочува со недостаток на Ремдесивир, лекот што го прими американскиот претседател Доналд Трамп како дел од препишаната терапија, граѓаните на Серверна Македонија го набавуваат на црниот пазар од Косово. Слободен печат истражи дека за само неколку минути преку различни Фејсбук групи може да се договори купопродажба на овој лек или соодветна замена за него.

Извор познат на редакцијата на Слободен печат изјави дека воопшто немало проблем да го најде лекот кој иако е дефицитарен, односно го нема или го има во многу мали количини.

„Тоа е лекот кој Трамп го купи во огромни количини за САД. Но, почна да го произведува и Турција па сега може да се најде на црно по 500 евра за една кутија!!!“

Откако нашиот извор објави на Фејсбук дека има итна потреба на најде Ремдесивир за пациент кој е во критична состојба за миг доби десетина понуди и совети како може да го најде. Корисниците на оваа социјална мрежа напишаа и дополнителни информации кои аптеки во Пришнина го продаваат под тезга.

Косовската царина за Слободен печат исто така потврди дека во Косово постојат обиди за шверц на лекови.

„Сме имале случаи кога сме фатиле патници кои носеле лекови во количина која ги надминува нормите кои се дозволени за индивидуална употреба“ ни одговори портпаролот на царината на Косово, Адриатик Ставилеци.

Тој нè упати за конкретни информации во врска со нелегален увоз и извоз за лекови кои се користат за лекување на вирусот ковид-19 да побараме во Косовската агенција за медицински производи и опрема. Но, од надлежните од оваа институција не добивме одговор, иако неколку пати се обидовме телефонски да разговараме со нив. Тие не одговорија ниту на имејлот кој им го испративме.

Од Царината во Северна Македонија која е надлежна за контрола при влез во нашата земја добивме одговор дека откако започна пандемијата значително е намален флуксот на патници меѓу Косово и Северна Македонија и дека патниците се контролираат по случаен избор. Но, кога се работи за преглед на лекови кои не спаѓаат во категорија на недозволени супстанци царинските работници не можат да сторат ништо ако патник дури и да не носи рецепт во тој момент се изјасни дека лековите што ги носи се за лична употреба, објаснија цариниците.

Ремдесивирот кој е првиот лек против ковид-19 којшто ЕУ го дозволи е наменет за третман на лица постари од 12 години кои имаат воспаление на белите дробови предизвикано од Ковид-19 и на кои им е неопходна кислородна поддршка.

Претседателот на Америка Доналд Трамп според информациите кои ги соопшти неговиот личен лекар, Шон П. Конли добил доза коктели со антитела и бидејќи се чувствува добро и не му е потребен дополнителен кислород почнал да пие и Ремдесивир.

The post „Ремдесивир“, достапен и за Македонците на црниот пазар во Косово за 500 евра! appeared first on Слободен печат.


„Ремдесивир“, достапен и за Македонците на црниот пазар во Косово за 500 евра! was first posted on октомври 7, 2020 at 2:44 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....