14.8 C
Скопје
09:21 - 17 мај, 2024

Во Скопје приближно 300 лица секоја ноќ спијат под ведро небо

Приближно 300 бездомни лица секојдневно спијат под ведро небо низ скопските паркови, импровизирани засолништа или едноставно на картонски кутии на тротоарите на улиците низ градот. Оваа бројка иако е неофицијална, сепак, е и повеќе од загрижувачка, дотолку што бројката на луѓето кои немаат свој сопствен дом од година во година сѐ повеќе се зголемува.

Во обид барем малку да им се помогне, а во рамките на одбележувањето на „Светскиот ден на бездомништво“, денеска во Пунктот за бездомници при Црвениот крст во Момин Поток беа поделени 80 хуманитарни пакети со храна и средства за заштита и дезинфекција од ковид-19.

– Како и во сите изминати 12 години, така и сега во текот на оваа недела традиционално го одбележуваме Светскиот ден на бездомништвото и по тој повод делиме хуманитарни пакети со прехранбен и хигиенски дел и по една кабаница за секое бездомно лице. Октомври е месец на солидарност, филантропија и хуманост – изјави Драгана Лазаровска, координаторка на Пунктот за бездомници при Црвен крст на Град Скопје.

Во изминатите седум месеци, како што рече таа, ниту едно од бездомните лица не пријавило симптоми од ковид-19, ниту, пак, од стручниот тим на Пунктот заради добро поставените мерки за заштита што во целост се почитуваат.

За време на пандемијата, покрај редовните мобилни тимови кои даваа поддршка на нашите граѓани, беше формиран и посебен мобилен тим за поддршка на бездомниците.

Од 15 март до 1 август, бездомните лица го посетиле пунктот 2.789 пати, биле реализирани 603 посети на лекар, 42 стручни-советодавни разговори со психолог, поделени биле 2.128 парчиња лекови и 7.999 парчиња облека. Во истиот период биле поделени 2.017 заштитни маски за бездомниците и 1.816 пакетчиња влажни марамчиња.

Во Скопје неофицијално има 300 бездомни лица, но секоја година бројката се зголемува сѐ повеќе и повеќе. Досега 15 бездомни лица се успешно реинтегрирани и ресоцијализирани во општествените текови.

– Тие 15 лица се веќе на раководни позиции затоа што се луѓе кои порано биле на високи функции, па потоа се соочиле со огромен пад. Верувајќи во целата помош и поддршка што ја примаат од Црвениот крст, со заеднички сили ги инкорпориравме во тековите каде би сакале да работат и каде сега работат и се успешни во тоа – рече Лазаровска.

Пунктот за бездомници е поддржан од Град Скопје веќе 12 години и функционира на истата локација во Момин Поток. Секоја среда и петок бездомните лица добиваат хигиенски услуги (капење, стрижење, бричење), чиста облека, можност да се испере старата облека, храна, прегледи од лекар и бесплатни лекови според потребите, психосоцијална поддршка, услуги од социјален работник (вадење на документи и поддршка на обезбедување на услуги од системот на социјална заштита).

Пунктот, како што информира Лазаревска, во среда го посетуваат околу 50 бездомни лица, а во петок од 80 до 100 лица и ги добиваат сите услуги. Преку пунктот, корисниците секоја зима добиваат топла облека, обувки, ќебиња, вреќи за спиење, а според потребите се отвора и привременото преноќувалиште.

Од Град Скопје велат дека веќе 12 години по ред, пунктот за бездомници е поддржан од нивна страна.

– Прифатилиштето има 32 кревети. Изминативе години инвестирано е многу во овој центар, каде што капацитетот е удвоен, изградено е посебно женско одделение како и нова трпезарија со капацитет за 40 бездомни лица. Ние како институција ќе продолжиме финансиски да го поддржуваме работењето на овој центар, како и да инвестираме во зголемување на неговиот капацитет и услуги кои ги дава за оваа категорија на лица – велат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

The post Во Скопје приближно 300 лица секоја ноќ спијат под ведро небо appeared first on Слободен печат.


Во Скопје приближно 300 лица секоја ноќ спијат под ведро небо was first posted on октомври 7, 2020 at 1:22 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....