30.5 C
Скопје
16:39 - 10 јули, 2026

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Главните преговарачи од европска и британска страна се сретнуваат денеска во Брисел за стартот на главната фаза на преговорите за Брегзит – идното партнерство.

Мишел Барние, европскиот преговарач и Дејвид Фрост, британскиот, ќе одржат состанок после пладне, по што треба да започне првата рунда преговори која ќе трае до четврток.

Оваа фаза од преговорите е најсуштинската бидејќи ЕУ и Обединетото Кралство ќе почнат да преговараат за идното партнерство на двата блока, пред сѐ од трговски аспект, што подразбира почитување на стандардите на внатрешниот пазар на Унијата, но и безбедноста, одбрана и други области.

Минатата недела двете страни ги објавија своите преговарачки мандати со длабоки разлики кои тешко ќе се премостат до крајот на оваа година, кога транзициската фаза завршува.

Доколку двете страни не постигнат договор, се враќа ризикот од „Брегзит без договор”, односно можен економски хаос.

Дипломатите објаснуваат дека преговорите ќе се фокусираат на три клучни области: слободна трговска зона, решавање на спорови и риболовот. ЕУ на Британците им нуди привилегирано трговски партнерство со “нула квоти и нула царини”, но под услов Обединетото Кралство строго да ги почитува правилата на конкурентност на ЕУ како и нејзините стандарди, социјални, економски, фискални, здравствени, еколошки, итн. Дел од кои беа токму причината зашто Британците сакаа да се одвојат од ЕУ.

Риболовот е исто така потенцијално експлозивна тема за двете страни. Земјите од ЕУ како Франција сакаат реципроцитет во пристапот до територијалните британски води и ЕУ се закани дека нема да склучи трговски договор ако тој не вклучува компромис за риболовот.

Британскиот премиер од своја страна предупреди дека ќе ги напушти преговорите доколку тие се одолговлекуваат без напредок. 

The post Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....