12.8 C
Скопје
11:15 - 4 мај, 2024

Пет митови за коронавирусот: Приказните за вирусот Ковид-19 се шират побрзо од самата пандемија, важно е да се знае што од тоа е точно!

Вести, совети, приказни за коронавирусот – овие денови ги сретнуваме постајано, ги има насекаде, а се шират побргу од самата пандемија. Со оглед на тоа што коронавирусот се уште не ни е толку познат, добро е да знаеме што е вистина, а што се измислици.

1. Kоронавирусот не е поопасен од обичен грип

Вака се зборуваше на почетокот на приказната со Ковид-19, но потоа увидовме дека тоа не е баш така. Коронавирусот се шири побрзо од грипот – според досегашните податоци еден заразен пациент ќе го пренесе вирусот во просек на 1,3 „среќници“. Од грип умира во просек 0, 1 отсто од заразените, додека од коронавирус, иако дефинитно не е точно утврдено, сепак е повеќе од тоа. Тука е и третата работа, бидејќи коронавирусот ни е се уште „странец“, на него не сме навикнати и не сме стекнале имунитет.

2. Аклохолните гелови го убиваат коронавирусот

Веќе набавивте ваков гел? Сепак, проверете што пишува на декларацијата. Ако содржи алкохол помалку од 60 отсто, тогаш добро ќе ви дојде за дезинфекција на рацете после готвење, не и за заштита од коронавирусот. Затоа, фатете се за сапун и топла вода. Алкохолните гелови помагаат само во случај да содржат етанол од 60 до 80 отсто и н-пропанол од 60 до 80 отсто.

3. Мачките и кучињата се преносители на коронавирусот

После веста дека во Хонг Конг со коронавирус се заразило куче, се рашири приказната дека и животните се преносители. Оваа приказна сепак е само мит. Иако кучето од Хонг Конг навистина „собрало“ коронавирус од својот газда, не развило знаци на болест и вирусот не го пренело. Сепак, додека не се потврди со прецизност, воздржете се од бакнување на домашните миленици во нивната њушка.

4. Коронавирусот е опасен само за постари и болни лица

Италијанското искуство покажува дека коронавирусот посилно ја погодува постарата популација и лицата со здравствени проблеми, но тоа не значи дека помладите од 60 години кои немаат хронични заболувања немаат причина за внимателност. Вирусот нема да ги погоди со еднаква сила, односно, силни симптоми, и нема да им го доведе животот во опасност, но секако можат да го „соберат“ и пренесат на други лица.

5. Коронавирусот ќе мутира и ќе стане уште посилен

Сите вируси мутираат. Според тоа што до сега е познато, коронавирусот веќе мутирал и има барем два познати типа, Л и С, со одредена разлика во генот. Прв се појавил типот С, а Л му е мутација. Освен што С е постар, а Л понов, вториов кој е утврден кај пациентите се смета дека е поагресивен. Но, научниците се уште не утврдиле дали тоа значи и дека е поопасен, туку напоменуваат дека меѓу двата типа разликите се многу мали па дури и во прашање е дали треба да се земат како два одвоени типа.

The post Пет митови за коронавирусот: Приказните за вирусот Ковид-19 се шират побрзо од самата пандемија, важно е да се знае што од тоа е точно! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....