18.8 C
Скопје
20:35 - 29 април, 2024

Пандорината кутија во „Рекет“ остана неотворена

После 42 одржани рочишта, судијката Васка Николовска-Масевска која ја водеше постапката за медиумски експонираниот случај „Рекет“ во кој обвинети се екс шефицата на СЈО Катица Јанева и шоуменот Бојан Јовановски – Боки-13, задутре ќе ја соопшти пресудата за овие двајца обвинети.

За Јанева и Јовановски постојат само две опции кои ќе може да ги искаже судијката, а тоа се „невин“ и да бидат ослободени или „виновни“ и да завршат зад решетки. Во аферата „Рекет“ освен Јанева и Јовановски обвинет беше и Зоран Милески-Кичеец, но тој уште на првото рочиште се изјасни за виновен, па ден подоцна доби три години казна затвор, пресуда која се уште не е правосилна. „Рекет“ првостепено заврши, но зад себе остави повеќе неодговорени прашања и дилеми, отколку што понуди одговори и вистина.

Како започна „Рекет“?

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Одделот за организиран криминал и корупција при Јавното обвинителство на Македонија лани до Кривичниот суд поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба, а Јовановски и Кичеец за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Тројцата беа обвинети дека од ноември 2018 година до април 2019 година од Јордан Камчев извлекле 1.550.000 евра со цел да ја олеснат неговата позиција во предметот „Империја“ кој го водеше поранешното Специјално јавно обвинителство. Во истрагата и во текот на судскиот процес за дел од парите се тврдеше дека Јовановски ги потрошил на скапа гардероба, патувања и ексклузивни одмори, а од „колачот“ наводно Јанева добила мебел во вредност од 4.800 евра и пари во износ од 50.000 евра.

„Првообвинетиот иако невработен, со блокирани трансакциски сметки и без приход, на почетокот на оваа година купувал за себе луксузен мебел, облека и обувки и престојувал во луксузни летувалишта – ресорти надвор од нашата земја што упатува дека ги пуштил во оптек паричните средства што ги прибавил со кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“, пишува во обвинението на ОЈО. Доказите на ОЈО беа дека Јовановски и Милевски имале повеќе средба со Јордан Камчев и неговата сопруга Ана со кои се договарале начинот на исплата на парите, а Катица Јанева издејствувала ослободување на Камчев од притвор кој беше обвинет во случачот „Империја“ на СЈО и му бил вратен пасошот.

ОЈО тврдеше дека откако Јовановски заедно со Милески ги добил договорените 500.000 евра од сопругата на сведокот и покрај тоа што постоеле неизменети околности врз кои била определена и продолжена мерката притвор, а Јанева до Апелациониот суд во Скопје доставила предлог за замена на затворскиот со куќен притвор, предлог кој бил прифатен од судот.

„Воедно, согласно договорот, по исплатата на првите 1.000.000 евра, второобвинетата доставила писмена согласност до судот одземената патна исправа привремено да му биде вратена на сведокот“, соопшти Обвинителството.

– Факт е дека поранешната колешка примила 50 илјади евра од Бојан Јовановски, што апсолутно не е дозволиво за ниту еден обвинител. Воопшто не е битно дали тие потекнуваат од брачната двојка Камчеви или од некое други лице. Главно, примила пари што не е дозволиво по закон – рече после едно рочиште јавната обвинителка Вилма Русковска која го застапуваше обвинението на ОЈО пред судот.

Во текот на истрагата во ОЈО свои искази даваа политичари, бизнисмени и низа јавни личности, а беа и приведувани по судска наредба и даваа исказ пред судија на претходна постапка за нивните сознанија или вмешаност во сега веќе познатиот случај „Рекет“. Некои од нив подоцна дочекаа да бидат и обвинети, но во вториот случај познат како „Рекет 2“, кој се однесува на невладината организација Меѓународен сојуз со која раководеше токму Боки-13.

Во текот на судскиот процес за „Рекет“ на клупата за сведоци седнаа обвинители, бизнисмени, адвокати, лекари, политичари… Но, остана неодговорено само едно од клучните прашања во предметот: „Каде заврши фамозната торба „Луј Витон “ за која сведокот Камчев тврдеше дека содржи милион и пол евра во банкноти по 50 евра“?

Обвинителката во случајот трвдеше дека завршила во домот на родителите на Јовановски, покажувајќи и фотографија како доказ, или пак, Кичеец ја вратил по два дена откако, како што велеше Боки 13 во одбраната, кога била снимена „местенката“.

Што мислеше Јанева за нејзината инволвираност во „Рекет“?

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Гевгелиската обвинителка која во 2015 година ја доби задачата да го води СЈО, во 2020, безмалку пет години од големиот исчекор во кариерата, овој пат не како обвинител, туку како обвинета во „Рекет“ во своите завршни зборови рече:

– Сметам дека сум невина и не сум го сторила делото и се срамам што сум дел од обвинение за кое се покажа дека е клевета, затоа што не постојат никакви докази за делото за кое се товарам. Нема ни „О“ од обвинение против неа, нема ниту еден доказ и го нема и СЈО. Мене не ми требаат црвени телефони. Мене ми е чист образот. Некој да сакаше да го урне СЈО јас не му требав. Јас сум во притвор за пари што не се докажаа за Камчев да се спаси.

Таа тврдеше дека и е срам што е дел од ова судење поради неспособноста и немањето докази и изјави дека се срами што е дел од овој случај, притоа поставувајќи го прашањето, каде се наводните пари за кои беше посочено дека таа ги земала.

Која беше правната тактика на Бојан Јовановски?

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Не се чуствувам добро. Немам добиено терапија за новата дијагноза. Не сум во состојба да го следам судењето. Од сабајле неколкупати повратив. Вака неколку пати во текот на судскиот процес на „Рекет“ за својата здравствена состојба се жалеше обвинетиот Бојан Јовановски. Откако ќе добиеше лекарска помош или истата од судот ќе му беше понудена, по некое време состојбата му се подобруваше и рочиштето продолжуваше. На едно од рочиштата Јовановски ѝ се пожали на судијката Васка Николовска – Масевска дека не може да го следи рочишето и оти бара да биде прегледан од конзилиум.

– Ова е тортура врз мене. Под седативи сум, имам болки во абдоменот – рече Јовановски.

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски во негова одбрана истакна дека обвинението не може да биде докажано и оти се работи за индиции. Според него, како судот ќе докаже дека обвинетиот земал пари од Ана Камчева кога тој во тоа време бил во болница. Дуковски рече дека на снимките кои одекнаа во јавноста се гледаат некакви пари и како двајца излегуваат од куќата. Од Боки 13 се одземени 71 вреќа гардероба за која Обвинителката вели дека потекнуваат во периодот ноември 2018-2019 година. Пред судиите Јовановски пак рече и дека му бил пресечен нерв на желудникот и при тоа повреден хранопроводот кога му била направена операција пред да биде приведен.

– И додека стојам тука пред вас имам проблеми. А треба да сум жив и здрав, а не мртов. Живеам за да ја докажам вистината за случајот, да ги кажам целосно сите сознанија кои ги имам со факти и докази и во една фер судска постапка да ја докажам мојата невионост – рече Јовановски.

Иако низа пати од судските власти бараше и нему како на Јанева затворскиот притвор да му биде заменет со друга алтернативна мерка, па макар и домашен, тоа барање постојано беше одбивано од судот. При крајот на судскиот процес тој се „закануваше“ дека ќе ја отвори Пандорината кутија, но, за нечија среќа или жал тоа не се случи. Зошто тоа не се случи, знае само Јовановски.

The post Пандорината кутија во „Рекет“ остана неотворена appeared first on Слободен печат.


Пандорината кутија во „Рекет“ остана неотворена was first posted on јуни 16, 2020 at 2:43 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....