10.8 C
Скопје
03:26 - 4 мај, 2024

Отворени граничните премини во државата, за ПЦР тест се чека и по шест часа (ФОТО+ВИДЕО)

Од денеска се отворени сите гранични премини во државата, со тоа што за влез е потребно да се приложи валиден негативен тест за коронавирус, не постар од 72 часа.

Веднаш по самото отворање на границите многумина кои престојувале во Виена, Германија, Хрватска и други земји чекаа за влез во државата, а дел од нив, како што можевме да видиме на граничниот премин „Табановце“, чекале и по 3 часа за да ги поднесат документите.

Јуни 2020 / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Јуни 2020 / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Јуни 2020 / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Јуни 2020 / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Според одлуката на владата, сите оние кои ќе пристигнат во државата откако ќе поднесат негативен ПЦР тест треба да потпишат изјава за самоизолација во рок до 14 дена, што според повеќето граѓани кои ги анкетиравме е неприфатливо, бидејќи како што велат тие се здрави и не гледаат причина зошто е потребно да останат во двонеделен карантин.

Од друга страна, многу лица кои денеска пристигнаа во државата преку граничниот премин „Табановце“, а не се тестирани на Ковид-19, велат дека за ПЦР тестот се чека по шест часа, па дури и повеќе.

Во продолжение погледнете во видеото:

 

The post Отворени граничните премини во државата, за ПЦР тест се чека и по шест часа (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Отворени граничните премини во државата, за ПЦР тест се чека и по шест часа (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on јуни 17, 2020 at 6:08 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....