7.8 C
Скопје
06:13 - 27 април, 2024

Објавена цената за „Спутник V“: Две дози од вакцината во странство за 20 долари, во Русија бесплатна

EPA EFE

Две дози од руската вакцина „Спутник V” на меѓународниот пазар ќе чинат помалку од 20 американски долари, додека за руските граѓани таа ќе биде бесплатна, објавено е денеска на официјалниот Твитер налог на „Спутник V”.

Шефот на рускиот Државен фонд за национално богатство (РДИФ), Кирил Дмитриев претходно најави дека Русија за својата вакцина ќе наплатува помалку отколку нејзините конкуренти, бидејќи Москва има намера во наредната година да произведе повеќе од милијарда дози во земјата и странство.

Дмитриев изјавата ја даде откако РДИФ и Националниот центар „Гамалеја” соошпштија дека новите податоци за клиничките испитувања темелени на 39 потврдени случаи и 18.794 пациенти кои ги примиле двете дози на вакцината, покажале дека „Спутник V” е 91,4 проценти ефикасен на 28-от ден и над 95 проценти на 42-от ден.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....