11.8 C
Скопје
09:32 - 4 мај, 2024

Објавен доказ дека коронавирусот бил присутен во Италија пред 21 февруари, анализирани зачувани примероци од крв

Секој десетти крводарител во Милано развил антитела на ковид-19 пред првиот официјален позитивен случај во Италија кон крајот на февруари.

Анализата на Поликлиника Милано е потврда дека вирусот циркулирал во Италија пред 21. февруари, кога е утврден првиот официјален случај во Кодоња, пишува италијанскиот весник Кориере дела сера.

Истражувањето, кое опфатило 800 дарители на крв, објавено на интернет страницата „medRxiv”, укажува дека на почетокот на епидемијата 4,6 отсто од дарителите на крв веќе имале антитела на ковид-19, а тој процент пораснал на почетокот на април на 7,1 отсто.

Студијата ја осмислиле и спровеле експерти од Одделението за трансфузија на Поликиника Милано во соработка со Универзитетот во Милано и уште неколку истражувачи од здравствените установи во главниот град на Ломбардија, натешко погодениот регион со вирусот ковид-19 во Италија. Се истакнува дека се користени сочувани примероци од крв за да се утврди присуство на антитела, а не затоа што вирусот се пренесува преку крв.

Кориере дела сера укажува дека истражувањето утврдило дека најпрво се заразиле главно млади, а неодамнешните случаи се поврзани со постари лица.

Италија е со повеќе од 32.000 починати како последица од вирусот ковид-19 од почетокот на кризата е трета во светот по бројот на жртвите после САД и Велика Британија. Вирусот ковид -19 предизвика во Италија најдолга блокада во Европа од која после повеќе од два месеца таа земја постепено излегува, соочувајќи се со најтешки економски последици.

 

The post Објавен доказ дека коронавирусот бил присутен во Италија пред 21 февруари, анализирани зачувани примероци од крв appeared first on Слободен печат.


Објавен доказ дека коронавирусот бил присутен во Италија пред 21 февруари, анализирани зачувани примероци од крв was first posted on мај 21, 2020 at 8:41 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....