32.1 C
Скопје
12:21 - 8 јули, 2026

Новороденче во Англија и неговата мајка заразени со коронавирус

Новороденче во Англија е заразено од корона вирусот, пишува британски Сан.

Британскиот медиумот пишува дека мајката на бебето неколку дена пред да се породи била хоспитализирана во лондонската болницата Норд Мидлсекс со пневмонија.

Било утврдено дека се работи за коронавирус дури откако жената се породила, а само неколку минути подоцна било тестирано и бебето.

Лекарите утврдуваат дали тоа се заразило уште во нејзината матка или во текот на породовањето.

Од болницата за Сан изјавиле дека актуелната здравствена состојба не навестува компликации ниту кај мајката ниту кај бебето.

Здравствените власти нагласуваат дека бремените жени и бебињата се изложени на низок ризик од компликации од вирусот и повеќето од нив ќе имаат благи симптоми.

The post Новороденче во Англија и неговата мајка заразени со коронавирус appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....