17.8 C
Скопје
10:03 - 29 април, 2024

Нови нереди во САД по ранувањето на црнец од страна на полицијата (ВИДЕО+ФОТО)

Афроамериканецот Џејкоб Блејк на кого полицијата во неделата му пукаше во грбот во градот Кеноша во американската сојузна држава Висконзин е парализиран и „се бори за живот“, рекоа членовите на неговото семејство и адвокатите.

Полицијата во неделата го следеше Блејк со вперен пиштол по што еден од полицајците отвори оган ранувајќи го во грбот додека се враќал во својот автомобил.

Сведоци на ранувањето на Блејк се неговите тројца синови, на возраст од три, пет и осум години, вели адвокатот Бен Круп која го застапува семејството на Блејк.

Пукањето го снимил минувач, а снимката набрзо се прошири на социјалните мрежи, покренувајќи го бесот на граѓаните поради новиот во низата случаи во кои полицијата се обвинува за расистичко мотивирано насиство кон Афроамериканците.

Трет ден протести во Кеноша, по ранувањето на Џејкоб Блејк/25 август 2020/ Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Блејк се обидел да ја прекине кавгата меѓу двете жени, а полицаецот во него испукал четири до седум куршуми, иако немало знаци дека е вооружен, рече адвокатот на семејството во разговор за ЕјБиСи.

Полицијата не објасни зошто отворила оган на 29-годишникот. Канцеларијата за правосудство на сојузната држава Висконсин покрена истрага, но не се објавени детали.

Демонстрантите се обидоа да ја урнат оградата и да влезат во судот во Кеноша/25 август 2020/ Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Ранувањето предизвика протести во Кеноша, а гувернерот на Висконсин објави вонредна состојба, велејќи дека ќе ги мобилизира припадниците на Националната гарда.

Родителите на Блејк на прес конференцијата изразија тага поради ранувањето на синот. „Ранет е седум пати. Седум! Како неговиот живот да не вреди ни цент“, рече таткото на Блејк пред новинарите, со глас преплавен од емоции.

Адвокатите на семејството Блејк наведуваат дека куршумите му смачкале дел од карлицата и предизвикале парализа од половината надолу.

„Нема правда, нема мир“ извикуваат демонстрантите во Кеноша/ 25 август 2020/ Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

„Ќе биде чудо ако Џејкоб Блејк некогаш повторно почне да оди“, рече адвокатот Бен Круп.

Демонстрант протестира пред полициско возило во Кеноша/25 август 2020/ Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Нередите во понеделникот вечер избувнаа и во другите делови од САД, вклучувајќи ги Портланд, Орегон, Сиетл, Медисон, Висконсин и Минеаполис, наведува Ројтерс.

The post Нови нереди во САД по ранувањето на црнец од страна на полицијата (ВИДЕО+ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Нови нереди во САД по ранувањето на црнец од страна на полицијата (ВИДЕО+ФОТО) was first posted on август 26, 2020 at 8:57 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....