12.8 C
Скопје
05:39 - 15 мај, 2024

Кои се кардиохирурзите кои ја направија првата трансплатнација на срце? Се обучувале во Израел и Хрватска

Кардиохирургијата во јавното здравство со години беше само идеја, додека во приватното интензивно се развиваше. Оваа идеја конечно се реализираше пред неколку години со отворањето на Клиниката за кардиохирургија во Клиничкиот центар во Скопје. Годинава, на оваа клиника се направи и првата трансплантација на срце, интервенција која вклучува голем број лекари и медицински персонал од многу специјализирани области. Кардиохирурзите за „Слободен печат“ откриваат дека се обучувале за овие хируршки интервенции, како и што е понатаму потребно за развој на оваа дејност.

-Трансплантацијата на срце вклучува еден широк тим, во кој секоја алка е исклучително важна. Но ако ја земеме самата процедура на трансплантација на срце, притоа се мисли на самата операција и постоперативното водење, тука учествува тим од кардиохирурзи, анестезиолози, кардиолози и медицински сестри. На Клиника за кардиохирургија покрај мене работат уште двајца супспецијалисти по кардиохирургија, д-р Марјан Шокаровски и асс д-р Васил Папестиев – објаснува директорот на Клиниката за кардиохирургија проф.д-р Сашко Јовев .

Тој кардиохирургија супспецијализирал три години во Германија, Швајцарија, Бугарија и Израел, со завршен испит на Универзитетот Бен Гурион во Израел. До сега учествувал во околу 50 трансплантации на срце во болниците во кои престојувал. Јовев е еден од најголемите поборници за отворањето на државната кардиохирургија.

Д-р Марјан Шокаровски и асс. Д-р Васил Папестиев  супспецијализацијата по кардиохирургија ја стекнале на Одделот за кардиохирургија во Универзитетскиот Центар “Ребро” во Загреб, каде активно престојувале две години и учествувале во повеќе од 40 процедури за трансплантација на срце и 30 процедури за имплантација на вештачко срце.

Д-р Надица Мехмедовиќ,  д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Јасмина Илиевска и д-р Весна Миташева се анестезиолозите на Клиника за кардиохирургија кои се одговорни за подготовка на пациентите и постоперативно водење на трансплантираните. Д-р Марија Геракаровска е кардиолог кој учествува во проценка на срцето на донорот и следење на трансплантираното срце, а Стефан Кметовски и  Борче Димовски се перфузионисти.

-Заедно со специјализантите по кардиохирургија и медицинските сестри кои деноноќно се грижат за пациентите, се заокружува тимот одговорен за трансплантација на срце на нашата клиника. Имаме млад и мотивиран кадар кој континуирано се обучува во светските центри за сите процедури кои се нови и современи – објаснува проф.д-р Јовев.

Д-р Шокаровски вели дека најважната работа која ќе гарантира успешен процес на трансплантација преставува претходно дефиниран и изграден систем или протокол по кој работите ќе се одвиваат. Се почнува со предоперативните дијагностички иследувања и подготовка на примателот и на донорот, синхронизирање на двете хируршки процедури (експлантација и трансплантација), водење на пациентот во раниот постоперативен период со акцент на хемодинамиската, респираторна и ритмичка стабилност, до отпочнување на имуносупресивната терапија, која пациентот ќе ја прима во тек на целиот негов живот.

-Во сите овие процедури вклучени се широк дијапазон на медицински професионалци од различни специјалности, кои секој засебно преставуваат подеднакво значајна карика во успешното изведување на овој прилично сложен процес – вели Шокаровски.

Кардиохирурзите потенцираат и дека самата оперативна процедура трансплантација, не претставува најкомплексната процедура во кардиохирургијата и дека на клиниката се работат многу технички посложени интервенции меѓу кои и програмот за третман на лак на аорта кој се третира со хибридна процедура, а тоа е таканаречената “frozen elephant trunk” операција која по комплексност во многу ја надминува трансплантацијата.

Во поглед на опремата, проф.д-р Јовев вели дека клиниката ја има целокупната опрема за извршување на овие комплексни процедури. На подолг рок, Клиника за кардиохирургија планира да опреми и хибридна оперативна сала со што би се овозможил третман на најкомплексните кардио-васкуларни болести кои некогаш не е можно да ги третирате со конвенционална хирургија.

-Во тој случај ова ќе биде првиот центар со вистинска хибридна оперативна сала од овде до Виена. Она што секако ни недостасува е поголем простор. Со обемот на работа кој го имаме веќе ги надминуваме просторните капацитети со кои располагаме и бараме решенија за проширување во тој дел – вели проф. д-р Јовев.

Интервју со петте жени кои придонесоа успешно да се трансплантира првото срце во Македонија

 

 

The post Кои се кардиохирурзите кои ја направија првата трансплатнација на срце? Се обучувале во Израел и Хрватска appeared first on Слободен печат.


Кои се кардиохирурзите кои ја направија првата трансплатнација на срце? Се обучувале во Израел и Хрватска was first posted on август 26, 2020 at 8:54 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....