16.8 C
Скопје
07:24 - 13 мај, 2024

Ердоган најави нови мерки поради пораст на бројот на заболени од Ковид-19

Во Турција бројот на заразени со коронавирус се зголеми за 1.502 случаи за еден ден, што е  најмногу од средината на јуни, според податоците на Министерството за здравство, поради што Владата ќе воведе нови мерки за запирање на ширењето на болеста.

Министерот за здравство Фахретин Коџа напиша на Твитер дека починале уште 24 лица, со што вкупно досега во земјата има 6.163 смртни случаи од Ковид-19.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган најави дека државните институции сега ќе можат да применат „флексибилни услови за работа”, како што е работа од дома.

Ова беше објавено синоќа во претседателскиот декрет, во кој се наведува дека се преземаат чекори за запирање на епидемијата во земјата.

Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека одредени собири, прослави, свадби и ангажмани се забранети.

Во 14 провинции, венчавките ќе можат да траат само еден час, при што забрането танцување и друга забава. 

The post Ердоган најави нови мерки поради пораст на бројот на заболени од Ковид-19 appeared first on Слободен печат.


Ердоган најави нови мерки поради пораст на бројот на заболени од Ковид-19 was first posted on август 26, 2020 at 7:32 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....