22.8 C
Скопје
13:09 - 28 април, 2024

Собранието избра петмина потпретседатели!

Мандатарот и лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Собранието треба да го поднесе предлогот за новата влада и програмата за нејзината работа во следните четири години. Тој вчера најави дека предлогот ќе го достави веднаш штом ќе биде утврден бројот на потпретседателите на Собранието и кога ќе заврши верификацијата на мандатите на новите пратеници што ќе ги заменат пратениците кои ќе станат министри. Но, до затворањето на овој број од весникот, пратениците не ја завршија започнатата седница и остана неизвесно дали мандатарот ќе го поднесе предлогот денеска или евентуално утре.

Според собранискиот деловник спикерот Талат Џафери има рок од 15 дена по приемот на предлогот за да ја закаже седницата за избор на владата, но Заев очекува дека тоа ќе се случи за само неколку дена.

– Кога ќе заврши оваа процедура, ќе го поднесам предлогот за влада. Денеска до доцна ќе трае верификација на мандатите затоа што се најмалку девет одлуки. Веројатно изутрина ќе биде поднесен предлогот. Потоа следуваат неколку дена пратениците да се запознаат со владината програма и автобиографиите на кандидатите за министри – изјави вчера Заев.

Можно е седницата да биде закажана за сабота, а владата да се изгласа до недела на полноќ.

 

Заев поднесе оставка од функцијата пратеник

 

Џафери предложи да се утврди дека Собранието ќе има пет потпретседатели што предизвика реакција од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои неуспешно побараа да се тргне точката од дневен ред. Пратеникот Никола Мицевски рече дека бројката од пет потпретседатели само ќе придонесе за високи трошоци, а Гордана Силјановска-Давкова рече дека станува збор за политичко-пазарна трговија и дека има многу гладни усти за функции. Им реплицираше Јован Митревски од СДСМ, кој рече дека одлуката дека ќе има пет потпретседатели не значи и дека ќе бидат избрани сите пет.

– Опозицијата треба да одлучи дали ќе кандидира потпретседател или не. Ако предложи, ќе имаме повеќе, ако не, помалку. Напразно се прави драма – рече Митревски.

Пратениците вчера прво ја констатираа оставката на пратеникот Флорин Бесими од ДУИ, кој замина од функцијата за да се избегне можен конфликт на интереси затоа што неговиот брат Фатмир Бесими е кандидат за министер за финансии. Спикерот Џафери потоа побара Државната изборна комисија да определи кој е следен на изборната листа што ќе биде пратеник, по што ДИК му издаде уверение на Бедри Фазлиу, а пратениците го верифицираа неговиот мандат.

Следна беше констатирана оставката на пратеникот Зоран Заев, кој е мандатар, а до крајот на денот требаше да се заврши истата процедура за сите кандидати за министри, кои истовремено се и пратеници. Тоа се Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.

 

Владата има поддршка од 62 пратеника

 

Изборот на новата влада во Собранието повеќе не е доведен во прашање откако Изет Меџити од ДУИ потврди дека ќе гласа за новиот владин состав и покрај несогласувањата што се појавија во разграноците на ДУИ во Сарај и Чаир поради предлогот на лидерот Али Ахмети Бујар Османи да биде министер за надворешни работи, а Артан Груби прв вицепремиер. Се очекува дека новата влада ќе биде поддржана од 62 пратеника на коалицијата на СДСМ и Беса „Можеме“, ДУИ и ДПА.

Лидерот на ДУИ Ахмети завчеравечер рекол дека нема промени во предлозите за министри од неговата парија, а несогласувањата за некои министри ги оцени како внатрешна партиска демократија.

 

За еден потпретседател се трошат 225.000 денари месечно

 

Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа поголема демократија! Нема економска оправданост и причина за толкав број потпретседатели на Собранието“, напиша поранешниот претседател на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски на Фејсбук.

Тој потсети дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2016 година, во сите четири парламентарни состави имало по тројца потпретседатели. Вељаноски направи и споредба со тоа како е во другите држави и посочи дека во САД има 435 пратеници и 1 потпретседател, во Велика Британија 650 пратеници и 3 потпретседатели, во Германија 709 пратеници и 5 потпретседатели итн.

Во 2018 година СДСМ предложи дополнителни двајца потпретседатели и тогаш ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека еден собраниски потпретседател ја чини државата по 225.000 денари месечно, по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци.

The post Собранието избра петмина потпретседатели! appeared first on Слободен печат.


Собранието избра петмина потпретседатели! was first posted on август 26, 2020 at 7:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....