14.8 C
Скопје
00:46 - 2 мај, 2024

Не стивнуваат барањата за смена на раководството на чело со Христијан Мицкоски: „Исцелителот“ ги обнови старите и отвори нови рани

Промените на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, претставени како значаен чекор кон демократизација на партијата, не сменија ништо во ставот на голем број членови на партијата, сегашни и поранешни функционери, дека партијата ги изгуби изборите и дека под итно ѝ треба ново раководство.

Оценка е дека статутарните измени му требаат на лидерот Христијан Мицкоски за да остане сѐ исто, особено тој на највисоката функција. Сепак, сопартијците критичари му даваат уште една, во случајов, последна шанса за спас – да се обиде да формира влада – иако никој не верува во таков развој на настаните.

Откако тоа го направија поранешниот шеф на тајната полиција и втор човек на партијата Сашо Мијалков („На ВМРО-ДПМНЕ му треба ново раководство“), поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски, пратеничката Даниела Рангелова, нејзините колеги од независната пратеничка група и други, постојано нови имиња се запишуваат на долгиот список незадоволни од партиското раководство предводено од Мицкоски.

Џабир Дерала потсети дека неговата „Цивил“ пред три години (на 16 јули 2017 година) објави документ на партијата со план и содржина за нејзини коренити реформи. „Реформите на оваа партија ѝ се потребни од многу причини, а особено за да расчисти со своето доскорешно минато или груевизмот, како што се вели. Наместо тоа, Мицкоски направи само неколку козметички зафати, тврдејќи дека се реформираат, но, во суштина, се користат со документи стари три години, кои сегашното раководство очигледно има намера да ги искористи во своја корист, со единствена цел, да се задржи на кормилото на оваа партија“, пишува Дерала.

Јове Кекеновски од ФРОДЕМ побара партијата да му се врати на членството: „По три порази на чело на ВМРО-ДПМНЕ и плус еден пораз како генерален секретар на партијата заврши епизодната улога на Мицковски и неговата партиска клиентела. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, а не приватна партија и затоа е потребно во најкраток можен рок узурпираната партија да се врати на членството. Затоа бараме од Мицковски да престане да купува време, да престане и понатаму да одработува за туѓи криминални и анационални интереси, да престане да ја срами партијата и итно со целото партиско раководство да поднесе оставка“, порача Кекеновски.

Ивица Коневски, член на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник за Град Скопје, нема дилема дека на партијата ѝ треба ново раководство. „Повеќе од јасно е дека на партијата ѝ е неопходен добар тим, раководство со капацитет за обединување и демократизација, кои во моментов се клучни за враќање на довербата кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш имала свој препознатлив печат, кој, за жал, изминатите неколку години избледе. Но, и покрај сите премрежија, кај многумина од нас не избледе искрената желба партијата да се врати на својот вистински пат“, вели Конески.

Филип Петровски, кој конкурираше за партиски кандидат за шеф на државата, е уште пожесток во реакцијата: „Јас сум од ВМРО-ДПМНЕ и ќе ви кажам зошто Мицкоски е самонаречен кандидат, тој беше шпицен кандидат на билбордите што сам си ги редеше. Кандидат за премиер може да биде тој што победил на изборите со најголем број пратеници. Мене ми е жал што тоа не е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, многу ми е криво и тешко што ВМРО-ДПМНЕ не победи со 200.000 гласови разлика“, рече во „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

Никола Тодоров, министер и некогаш висок партиски функционер, бара единство: „Поделени и раскарани ќе губиме повторно и повторно. Тоа е рецептот за неуспех и тоа долго време ќе ја држи ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, а СДСМ ќе победува со исклучително недоволни и неубедливи триста два-триесет илјади гласови. Апатијата ќе остане на високо ниво. Морам да констатирам дека ако имаше подобра понуда и ако гласачите ја сметаа ВМРО-ДПМНЕ за добра алтернатива, денес ќе славевме победа, прва по неколку изборни порази во низа“, напиша во колумна за Дојче веле.

Љубчо Георгиевски спрема тужба за ВМРО-ДПМНЕ

Со измените во Статутот на партијата се укинуваат позициите почесен претседател. Освен Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше и Никола Груевски. Првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, не е задоволен од последните статутарни измени во неговата поранешна партија и смета дека веќе стекнатото право како почесен претседател на партијата, не може да му биде одземено. Тој веќе го подготвува адвокатскиот тим за поднесување тужба против ВМРО-ДПМНЕ во негово име, бидејќи според позитивната правна регулатива, веќе стекнато право не може да биде одземено, пишува Поглед.мк, портал близок до неговата сегашна партија ВМРО-НП.

The post Не стивнуваат барањата за смена на раководството на чело со Христијан Мицкоски: „Исцелителот“ ги обнови старите и отвори нови рани appeared first on Слободен печат.


Не стивнуваат барањата за смена на раководството на чело со Христијан Мицкоски: „Исцелителот“ ги обнови старите и отвори нови рани was first posted on јули 24, 2020 at 7:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....