25.8 C
Скопје
18:27 - 28 април, 2024

Макрон може да ги реши изборите во Македонија

Ветер во грб на власта или подарок за опозицијата – е моќта што може да ја има на изборите во април одлуката на ЕУ да додели датум за почеток на преговори со Македонија или не. Утре, во Македонија доаѓа новиот претседател на Унијата Шарл Мишел, а на 5 февруари ќе се објави новата методологија на ЕУ. Неколку дена потоа ќе се објави извештајот за Македонија, а Брисел ќе решава за почнување на преговорите со Македонија. Според аналитичарите, одлуката на Брисел, каква и да е, ќе стане тема број еден во изборната кампања.

– Ако дојде датумот за преговори во март, тоа ќе биде голем ветер во грб за СДСМ. Граѓаните ќе добијат впечаток дека ЕУ го поддржува Зоран Заев, смета аналитичарот Петар Арсовски.

За него не е дилема дали датумот за избори ќе биде тема во кампањата, колку и да не изгледа така во моментов. Ако го има, смета тој, ќе има големо влијание, но нема да влијае толку негативно на СДСМ, ако го нема или ако дојде по изборите.

Арсовски верува дека ќе следи силен меѓународен притисок за да се исполнат неформалните услови на ЕУ.

– Овојпат не е во прашање само нашиот датум. Меѓународната заедница се плаши дека ќе се загрози проширувањето воопшто. Затоа притисокот да ги исполниме условите ќе биде многу голем, најпрвин врз ВМРО-ДПМНЕ , а ако не успее – кон осумте пратеници. Во Брисел се решени да ја поправат штетата од блокадата на Франција – смета Арсовски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ нема да биде многу среќна пред изборите во Македонија од Брисел дојде датум или категорична најава за добивање датум за преговори. Опозицијата би сакала тоа да се случи во мај, по изборите, кога ќе можат да си го препишат евентуално и како свој успех, иако го спори Преспанскиот договор, смета Арсовски.

Аналитичарот Алберт Муслиу во датумот за преговори со ЕУ, исто така, гледа потенцијал за влијание на изборите.

– Сѐ она што ќе се случи дотогаш ќе влијае зависно од тоа како ќе им биде претставено на граѓаните. Дури и да нема датум дотогаш и само да биде објавена методологијата за преговарање, тоа ќе влијае позитивно, бидејќи ќе биде поповолна за граѓаните, односно ќе отвори поголем пристап до фондовите на ЕУ што им се битни, за екологијата, економијата…– вели Муслиу.

Тој не верува дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го опструира процесот со недонесување на законот за Јавно обвинителство, но меѓу датумот и победата на изборите, поважно им е второто. Тие две прашања, ЕУ и НАТО, според него, треба да ги изземат од изборите, бидејќи евроинтеграцијата и укинувањето на Преспанскиот договор не одат заедно.

За Владимир Божиновски датумот за преговори нема да биде тема на избори, бидејќи дотогаш ќе го нема. Но, фактот дека целото политичко работење на власта во изминативе три години се базираше на добивањето на тој датум, дека се донесоа многу непопуларни одлуки, според него ќе стане неизбежен дел од предизборната реторика на опозицијата, која ќе го претстави тоа како неуспех на власта.

Според Божиновски, немаат основа тврдењата дека ВМРО-ДПМНЕ го загрозува датумот со тоа што не гласа за законот за Јавно обвинителство и со тоа што го оспорува Преспанскиот договор.

Од Брисел, пак, стигаат пораки дека без радикално подобрување на институциите и економијата ниту една земја нема да добие членство во Унијата. Дилемата е само дали ова предизборие ќе го искористи Брисел да молчи или ќе го стави датумот за преговори во центарот на кампањата и на одлуката на граѓаните – кој да победи и со што.

The post Макрон може да ги реши изборите во Македонија appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....