05:28 - 29 ноември, 2026

Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Скопје денеска под блокада од 12.30 часот до 14 часот

Довчерашните протести на опозицијата против политиките на актуелната владеачка гарнитура, особено кон Бугарија, од денеска прераснуваат во блокада на Скопје. Низ улиците на главниот град, според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, автомобилската протестна поворка ќе биде од 12.30 часот до 14 часот на рута од Министерството за надворешни работи до Владата.

– Заев молчи и не кажува за што се преговарало на тајните разговори во Софија овој викенд. Според нас, Заев сакал да прифати ретуширана историја, откажување од јазикот и македонското малцинство. Тоа значи дека Заев е спремен на ново предавство. Молкот на премиерот во заминување, но и на Димитров, на Османи, на Шекеринска, на цела влада и на цел СДСМ, гласно говори дека оваа однародена власт преговара за идентитетот, за јазичната и национална посебност, за историјата и за антифашистичките столбови на македонската државнос, е наведено во дописот на опозициската партија.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....