12.8 C
Скопје
13:40 - 18 декември, 2024

Оштетените штедачи на „Еуростандард“: Речиси 60 милиони евра, ултра ризични кредити, биле давани за да не се вратат!

Во Законот за банки кредит е пласирање на одреден износ на пари во замена на отплата на одобрениот и ненамирен износ. Во таков случај, при супервизијата на Еуростандард банка, гувернерката Бежоска требала да ги стави 149 кредитни пласмани или речиси 60 милиони евра во графа „Донаторство” со оглед на тоа дека фирмите немаат платено ниту една рата и со години, велат оштетените штедачи на „Еуростандард банка“.

-Во рамки на супервизијата на Еуростандард банка, Народна банка вршела оценка на ризикот преземен од банката за доделените кредити, дали банката соодветно го прикажувала преземениот ризик и како управувала со истиот. Ја прашуваме гувернерката Бежоска, каков е ризикот на кредити од речиси 60 милиони евра кои немале соодветно обезбедување и не платиле ниту една рата со години. Каков е ризикот од кредити во милионски суми земени од групации од поврзани фирми кои не платиле ниту денар, а некои од тие фирми се веќе и затворени или во постапка на стечај? Каков е ризикот на кредити од различни фирми кои користеле едно исто обезбедување а кое неможело да покрие ниту еден од нив? Каков е ризикот на кредити кои немале никакво обезбедување или на кредити за кои банката немала ниту потпишано договори за кредит? Гувернерката Бежоска добро знаела но слепо гледала на проневерените кредити дадени во неповрат- велат штедачите во соопштението.

Оттаму велат дека, речиси 60 милиони евра, ултра ризични кредити од најлошата кредитна класа биле давани за да не се вратат. За целото тоа време, гувернерката Бежоска и нејзниот тим не направиле буквално ништо за да го прекинат и санкционираат овој масовен криминал од првите луѓе во Еуростандард банка. Едноставно, дозволиле парите на обичниот народ и на околу 2000 фирми депоненти во банката да отидат во неповрат и сега да се целосно оштетени.

-Зошто Народна банка не ги одземала лиценците на раководните луѓе во банката, оние кои го иницирале, организирале, развиле и спровеле криминалот? Зошто гувернерката Бежоска не поднела кривични пријави против овие луѓе уште пред неколку години кога добро знаела и имала докази што се случува во банката? Зошто кривична пријава против перење пари поднела дури два месеца откако ја затвори банката? Доказите за перење пари ги имала уште во 2017 година од финансиското разузнавање но чекала да банката пропадне од криминалот па да ги извади на површина. Зошто не ја затвориле банката на почетокот на сторениот криминал и не не заштитиле од кражбата на нашите депозити!?- запрашуваат оттаму.

-Главниот сопственик Трифун Костовски јавно изјави дека е виновен и одговорен за сторениот криминал во банката и дека час поскоро очекува надлежните институции да го повикаат да одговара за истото. Дури и јавно ги повика и сеуште чека покана од нив. Дали и Вие гувернерке Бежоска ќе признаете дека сте соучесник во криминалот или и понатаму ќе бегате од одговор на сите овие прашања на луѓето кои скапо ве плаќаат за да ги заштитите од вакви проневери, злоупотреби и кражби? Вистината и правдата мора да се задоволат а ние оштетените ќе истраеме во оваа наша борба за откривање на организираниот криминал на површина и одговорност од сите оние кои учествувале во него. Во тоа сме сигурни дека ќе успееме– велат штедачите.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....