12.8 C
Скопје
08:16 - 30 април, 2024

„Јас да го тепам мојот народ не можам“: Полицијата и војниците во Ниш ги одбија наредбите (ВИДЕО)

По потресните снимки кои се ширеа по социјалните мрежи од протестите во Србија и полициското насилство врз демонстрантите, полицијата и војниците во Ниш ја покажаа својата хумана страна.

На вчерашните протести во градот, кога демонстрантите беа собрани пред полициската станица во Ниш и извикуваа: „Извадете ги шлемовите“, целиот кордон под целосна опрема не возврати со сила, туку се повлече кон станицата.

Присутните на Фејсбук напишаа дека по повикот што го примил командирот на нишката полиција, тој рекол: „Јас да го тепам мојот народ не можам“ и им наредил на полицајците да се повлечат во зградата, по што следел аплауз од сите демонстранти.

Posle poziva preko Motorole koji je primio komandir NIŠKOG MUPA … IZGOVORENA JE REČENICA..,, JA DA BIJEM MOJ NAROD NE MOGU…” A ONDA JE NAREDIO POLICIJI DA UĐE U ZGRADU … BRAVO ZA NIŠKU POLICIJUUUU 👍👍👍👍

Publiée par Anta Anta sur Mercredi 8 juillet 2020

 

Војската одби да излезе на улица

Синоќа во спречувањето на демонстрациите во Ниш требало да учествува и 63-та падобранска бригада на српската армија, а како што потврди за Нова.рс Дејан Павловиќ, претседателот на воениот синдикат, оваа бригада одбила да излезе на улица.

Наводно министерот за одбрана, Александар Вулин, сакал да ги ангажира припадниците на 63. падобранска бригада бидејќи полицијата немала доволно луѓе во Ниш.

„Припадниците на жандармеријата отидоа во Белград и тогаш беше побарана помош од вооружените сили, но членовите на 63-та падобранска бригада одбија“, рече Павловиќ.

Тој откри дека припадниците на војската децидно му кажале дека ќе одбијат каква било слична наредба и дека војската има многу повеќе причини да застане покрај тие граѓани, а не наспроти нив.

The post „Јас да го тепам мојот народ не можам“: Полицијата и војниците во Ниш ги одбија наредбите (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


„Јас да го тепам мојот народ не можам“: Полицијата и војниците во Ниш ги одбија наредбите (ВИДЕО) was first posted on јули 10, 2020 at 9:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....