11.8 C
Скопје
01:16 - 4 мај, 2024

Изјава на министер за мигрантите ја крена БиХ на нозе – „Слушнав некои интересни и секси идеи“

Ставот на министерот за безбедност во Советот на министри на Бих Селмо Цикотиќ, кој на таа позиција ги замени Фахрудин Радончевиќ, дека присуството на мигранти во БиХ има позитивен ефект, зошто се бележи зголемена потрошувачка, наиде на осудат на политичари до Република Српска и Федерацијата.

Како што наведува Радио Телевизија Република Српска (РТРС) врв на разбирањето на Цикотиќ на мигрантскиот проблем е неговата изјава дека слушнал „интересни и секси идеи“ за враќање на мигрантите во земјата на потекло.

– Јас слушнав многу интересни, секси идео дека треба да ги вратиме во земјата на потекло, рече Цикотиќ, но не објасни зошто легитимниот процес на реадмисија на илегалните мигранти кај него побудува сексуални алузии.

Тешко е, наведува РТРС, да се разбере и неговиот став дека дојденците од Блискиот Исток и индискиот потконтинент, се речиси, странски инвеститори и туристи кои во време на коронавирус ја развиваат економијата во Унско-санскиот кантон.

– Постојат позитивни ефекти од присуството на мигрантите на тој простор, имате редуциран туризам или некои работи на една страна, но имате и зголемена потрошувачка на многу добра кои ги купуваат мигрантите и така трошат, рече министерот.

Меѓу политичарите кои остро реагираа на оваа негова изјава е и Едита Ѓапо од СББ, која му порача: „подобро да ги затвори границите за мигранти наместо да ја релативизира безбедносната, хуманитарната и здравствената опасноста која ја претставуваат по животот во Бих“.

Таа ја обвини СДА дека промовира политика со која сака мигрантите да останат во БиХ.

Почитуван министре, вие можете да уживате во „секси идеите“, но јас ве повикувам во интерес на граѓаните на БиХ и стопанствениците кои се обидвуваат да прживеат во овие тешки времиња, затворете ги границите за мигрантите, а отворете ги за туристите и дијаспората. Тоа што велите дека го помагаат туризмот, прашајте ги туристичките работници, па тие ќе ви ја кажат вистината во лице, му напиша Ѓапо на својот Фејсбук профил.

Лидерот на СДП Нермин Никшиќ го повика Цикотиќ да се извини јавно, пред се на жителите на Унско-санскиот кантон, проади своите небулозни изјави и да отстапи од министерската позиција, ако не понуди план за решение на мигрантската криза.

Српскиот член на Претседателствоот на Бих Милорад Додик смека дека зад изјавата на Цикотиќ стои подмолната политика на Сараево.

– Неверојатно е некој кој е на функција да може такво нешто да изјави. Ако е тоа така, тогаш се сме решиле. Нека ги водат кај себе и нека им прават потрошувачка колку сакаат. Овде во Република Српска нема ништо да трошат, рече Додик.

The post Изјава на министер за мигрантите ја крена БиХ на нозе – „Слушнав некои интересни и секси идеи“ appeared first on Слободен печат.


Изјава на министер за мигрантите ја крена БиХ на нозе – „Слушнав некои интересни и секси идеи“ was first posted on август 24, 2020 at 11:24 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....