23:16 - 29 април, 2024

Избори: Сите бараат начин да се одржат, ВМРО-ДПМНЕ причина да се одложат!

Сите политички фактори се обидуваат да најдат начин, време и услови за што поскоро да се одржат предвремените парламентарни избори, опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара причина тие да се одложат што е можно подолго.

Лидерот на владејачката СДСМ Зоран Заев и во вчерашното обраќање нагласи дека „нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин“.

– На граѓаните и на државата им требаат институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност, со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија – наведе Заев.

Треба да имаме консензус за изборите, порача вицепремиерот Бујар Османи, кој потврди дека лидерот на партијата Али Ахмети е еден вид медијатор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за да се договори датумот на изборите.

– Разликите помеѓу партиите, вклучувајќи ги и најекстремните позиции во однос на датумот, не се разликуваат повеќе од 10 до 15 дена. Доколку овие денови продолжи интензивната комуникација меѓу партиите, а тоа се случува, мислам дека можеме да се сретнеме некаде околу 5 јули – изјави Османи.

Но, на вчерашната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски главна тема беше Деталниот урбанистички план за Трнодол и сомнежите дека „постои можност одредени функционери од власта да профитираат“.

Владата вчера не се изјасни дали ќе бара претседателот Стево Пендаровски да донесе четврта одлука за прогласување вонредна состојба поради опасност од коронавирусот. Советот за безбедност утре напладне ќе одлучува дали ќе биде продолжена вонредната состојба, која завршува ноќта. По седницата, претседателот на државата ќе одлучи дали ќе објави нова вонредна состојба во државава или таа ќе биде прекината. Одлуката ќе биде врз основа на аргументи поврзани со пандемијата со коронавирусот, а не со одржувањето на парламентарните избори, велат од Кабинетот на претседателот.

Од Кабинетот на претседателот Пендаровски за „Слободен печат“ велат дека досегашните одлуки за прогласување вонредна состојба на територијата на цела држава се донесени по доставен предлог од Владата, по проценките на Советот за безбедност и во согласност со уставните надлежности на претседателот.

– Доколку има потреба од повторно прогласување вонредна состојба, таа би била донесена по одржувањето на седницата на Советот за безбедност. На седницата на Советот се очекува да биде разгледан извештајот за спроведување на вонредната состојба, евентуален предлог од Владата, по што Советот ќе даде проценка за состојбите. Седница на Советот за безбедност е планирано да се одржи деновиве, пред истекот на вонредната состојба – велат од Кабинетот на Пендаровски.

Ако не биде прогласена четврта вонредната состојба, според толкувања од многу правни експерти, но и од премиерот Спасовски, ќе се одмрзнат изборните процеси што беа замрзнати со владината уредба од 22 март. Изборите замрзнаа на 22 дена пред гласањето и на еден ден пред почетокот на предизборната кампања и се инсистира дека тие мора да продолжат во истиот момент штом престане вонредната состојба и да се гласа на 21-ви или најдоцна 28 јуни. Уставот е дециден дека предвремени избори мора да се одржат најдоцна 60 дена по распуштањето на Собранието, што значи дека нема начин да се одложуваат изборите ако не се продолжи вонредната состојба.

– Компромис со Уставот нема. Ако имаме потреба врз основа на анализите дека треба да се прогласи вонредна состојба уште некој ден за справување со економските последици, тоа ќе го направиме и кога ќе заврши вонредната состојба, по 22 дена ќе се одржат изборите – вели Спасовски.

Според него, Владата до крајот на неделата ќе одлучи дали ќе побара нова вонредна состојба.

– Таа е потребна, пред сѐ, за спроведување на економските мерки. Јас очекувам дека сите ќе бидат доволно разумни, политички мудри да разберат дека овие парламентарни избори треба да се одржат во моменти кога тоа е можно и врз основа на Уставот и законот и врз основа на оваа здравствена криза – рече завчера премиерот Спасовски.

Според него, Владата нема да ја смени изборната уредба за да ја прилагоди со евентуалниот датум на изборите.

Се очекува новиот датум за избори да биде внесен во правниот поредок преку измена и дополнување на решението на спикерот Талат Џафери со кое изборите беа закажани за 12 април или со поништување и носење ново решение со договорениот датум за избори.

Но, договор за датум за избори сѐ уште нема, како ни најава од претседателот Пендаровски дека ќе свика лидерска средба. Од неговиот кабинет се категорични дека средба на партиските претседатели ќе има само доколку ги усогласат ставовите за тоа кога да се одржат изборите.

Ќучук: Бојкотот не е алтернатива

Претстојните избори се повеќезначни на патот на С Македонија кон полноправна членка на ЕУ, вели во интервју за „360 степени“ бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент.

– Секоја техничка власт е ограничена во својот мандат и овластувања. Затоа и се нарекува техничка влада – за да организира избори, тоа е главната цел на секоја таква дефиниција. Оттаму доаѓаат и политичките прашања – кој ја носи политичката одговорност, за да има политичка одговорност треба да има и силен парламент што ќе ја контролира власта. Погледнато од европска перспектива, сите ние имаме интерес да има политичка власт во Република Северна Македонија, со силен парламент што соодветно ќе ја контролира. Бојкотот не е алтернатива. Сакам да потсетам зошто Северна Македонија успеа во неколкуте последни месеци и години зашто имаше функционален парламент, имаше демократски институции кои разговараа меѓу себе, извршната власт ја имаше својата улога, но за низа законски решенија бараше поддршка и од опозиција. Во една функционална либерална демократија има потреба и од двете, плус и задолжителното вклучување на граѓанскиот сектор – изјави Ќучук.

The post Избори: Сите бараат начин да се одржат, ВМРО-ДПМНЕ причина да се одложат! appeared first on Слободен печат.


Избори: Сите бараат начин да се одржат, ВМРО-ДПМНЕ причина да се одложат! was first posted on мај 29, 2020 at 7:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....